ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (1): Средба
Ана погледна низ прозорецот. Надвор сé беше зелено, раззеленето. Сонцето грееше пријатно. Опојниот пролетен мирис ги мамеше сите да излезат надвор и да го почуствуваат. Се истушира и ставајќи си ја бањарката се погледна во огледалото. Беше црна, со диви, зелени, загонетни очи. Устата и беше правилна, со убаво, привлечно лице. Нејзината долга бујна црна коса и допираше под градите. Имаше убаво извајано, совршено тело, резултат на вежбање и внимавање на исхраната. Градите и беа бујни, цврсти со големи брадавици. Половина тенка со занесни колкови. Меѓуножјето и блескаше и личеше на зрела смоква. Нозете тенки, долги, а бојата на кожата како абоносово дрво. Се завитка во бањарката и продолжи да си го масира телото со бадемов крем. Се облече и го избра синиот комплет, со деколте и кратка сукња која повеќе ги откриваше отколку покриваше нејзините извајани нозе. Се нашминка внимателно.
Остана уште да ја земе ташната, чекајќи другарка ѝ Ирена да ѝ се јави на домофон да излезе. Одеднаш заѕвони мобилниот телефон и се покажа непознат број. Кој може да е сега, помисли. Цел месец не сум излегла, немав ниеден слободен ден и сега? Подготвена сум да одам на роденден кај Игор. Ирена само што не ме зела со такси. Ќе се јавам. Може погрешен број. Го притисна копчето. Ало? Од другата страна на апаратот познат глас исто кажа -Ало. За секунда низ главата како на филмска лента сé и се заврте, овој неочекуван глас кој ѝ беше познат и направи немир во душата, срцебиење во градите, а одеднаш грлото и се исуши.
- Во текот на овие години сум имала многу такви повици, но никогаш не сум излегла од колосек - помисли Ана. Само овој глас, овој ангелски глас и го отвара телото, мозокот, срцето.
Одвај изусти - Да, повелете? Машкиот глас почна да зборува. - Бојан на телефон. Не знам дали ме препозна. Тука сум и сакав да се видиме ако си слободна. Денес бев на работа кај тебе, те побарав, но си била слободна. и беа љубезни ми го дадоа твојот број, ако можеш, да се видиме. Кратко сум тука. Ако можеш вечерва уште подобро. Утре морам да се вратам имам обврски.
Слободна? - Помисли Ана. Посветена сум на работата, одам лево-десно, имам некои безлични врски, во сите врски те барам тебе, твоето тело.. - Бојан, многу сум изненадена. Од каде па ти...? Во моментов одам на роденденска прослава, па ќе се јавам да видиме, едвај успеа да изусти Ана. Од домофонот ѝ заѕвони Ирена. - Ајде Ана кај тебе сме доаѓај -Ана го затвори телефонот, излезе веднаш и влезе во таксито. Зошто лицето ти е црвено, шминката ти се разлеала, очите ти светнале? Што се случува? Што те вознемири - запраша Ирена. Не можеше да објаснува, само одмавна со главата. На роденден беа присутни скоро ист состав на луѓе. Ана се напи две чаши виски. Вознемиреноста попушти, ѝ се врати расположението. Веќе за неа овде немаше ништо интересно. Го зеде мобилниот и се јави кај Бојан. И објасни во кој хотел престојува иѝ ја даде адресата.
Ана тргна со такси. По кратко време Бојан ја чекаше пред влезот. Седнаа на маса. Пиеја вино и разговараа обични муабети. Во хотелот свиреше тивка музика. Таа ги гледаше неговите очи кои секогаш ја привлекуваа и ја топеа како санта лед. Тој беше пресреќен. Од очите како никогаш досега му блескаше топлина, радост, среќа. Се смееја, се допираа со рацете. Колку и да се трудеа минатото да застане, тоа продолжуваше. Потиснатиот копнеж почна да излегува на површина. Страста доби предност, се ширеше. Бојан ја допре со усните да ја бакне. Ана не се противеше, напротив го прифати неговиот бакнеж мек како свила.
На подиумот играа неколку парови и Бојан ја покани да играат танго. Го почувствува нејзиното тело, нејзините гради, нејзините бутови, нејзиното примамливо меѓуножје. Со некаков невидлив магнет, телата им се прилепија. Јазикот негов почна да шета низ вратот, ушите. Ана се припи врз него. Се чувствуваше како да е во облаци, почна да го милува неговото лице, Нејзините усни го грицкаа низ брадата и го почувствува неговото набрекнато тело. Тангото се претвори во страсен љубовен занес. Нивните тела беа обвиткани едно со друго, немаше назад. Изливот на страста веќе почна да ги зафаќа телата како вулканска лава.
Се качија во собата на Бојан. Од врата започнаа да се соблекуваат. Јазиците и прстите од рацете играа низ нивните тела. Бојан ги милуваше нејзините гради, полека вадејќи го градникот. Таа му ја соблекуваше кошулата одејќи надолу со рацете и јазикот. Го почувствува нејзиниот јазик врз себе, задоволството ја исполни собата. На Ана очите и светкаа како на пантер. Неговото тело повеќе не издржа, нежно ја зеде и ја положи на креветот. И ги соблече гаќичките. Влезе во неа. Продре длабоко во неа, веќе се најде некаде високо низ облаците. Таа крикна. Љубовната игра беше страсна, дива, полна со воздишки. По извесно време нивните тела се олабавија.. Утрото се разбудија. Пиеа заедно кафе. Не разговараа ништо, да не ја расипат магијата во која беа влегле. Се разделија ветувајќи си дека пак ќе се видат..
АНА