ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (11): ВРАЌАЊЕ

Добивај вести на Viber

Миро и Естела имаа комфорна кола, погодна за патување. Се сместија во неа и тргнаа. „Дома сме за кратко време“, им кажа Миро. „Имам по пат една работа, ќе застанам и продолжуваме“, додаде тој. Тргнаа и Бојан ѝ се јави на Кате да праша што прават децата: ,,Кате, заврши нашата планинска идила, доаѓаме дома, како сте? Кате му одговори: „Добри сме, децата се на настава во природа, јас ви оставив вечера во кујна и дома кај мене сум. Се јавија Стефани и Стефан и беа весели и рекоа дека убаво си поминуваат, ќе си дојдат за некој ден. Им реков да не се јавуваат уште денес кај тебе. Сега, бидете поздравени и ви посакувам добра ноќ“.

Ана се трудеше да биде спокојна, но и беше чудно и се стресе кога Бојан на Кате ѝ го спомна зборот дома. За кратко време ќе бидат дома и ќе почнат со секојдневните обврски. За сите планови во иднина ќе разговараат кога ќе стасаат дома. Бојан ѝ го забележа изразот на лицето и ѝ рече: „Мила не се секирај воопшто. Ќе биде во ред. Нашата љубов ја крунисавме, а ќе вложиме сите заеднички напор и за да бидеме среќни. А дополнително ти им се допадна и на децата и на Кате“. Ана се насмеа и се сети на нивните изрази кога ја видоа првпат.

Во разговорот им се приклучија Миро и Естела. Бојан им ја раскажуваше нивната животна приказна. На моменти се надоврзуваше и Ана. Естела се смееше и не можеше да ги сокрие своите чувства. Им кажа: „Многу се радувам кога некоја љубовна приказна добива среќен крај. Штом постои љубов, слога, разбирање, стрпете сè, не може сè да се среди наеднаш, со тек на време ќе се приспособите едни со други“.

По извесно време, Миро и Естела застанаа до едно село од каде што требало од некои пријатели да земат гајба овошје. Ги поканија и Ана и Бојан да дојдат со нив на кратка посета. Но, тие спонтано одбија: ,,Сакаме да подишеме малку свеж воздух“. Рекоа за помалку од саат ќе се вратат. „Ако, одете, а ние бидејќи обожаваме да го гледаме залезот на сонцето ќе гледаме и ќе дишеме свеж воздух“, им одговорија.

Естела и Миро отидоа, а на хоризонтот се гледаше заоѓањето на сонцето. Бојан ѝ рече: „Мила ајде да излеземе. Сонцето е како сексот. Мислиш сè е исто, но секогаш е различно“.

На Ана и се допаднаа неговите зборови и почна да се смее: „Во право си Бојан“. Излегоа од кола и зедоа фротирка што беше во колата. Ја распослаа на хаубата и се потпреа. Глетката беше величествена. Сонцето се движеше, полека, горделиво, самоуверено, испуштајќи топол воздух. Околу него создаваше венец од пурпурно црвени бои, кои светеа и се двоеја од светлосиното небо.

Бојан ја бакнуваше и милуваше нежно. По вратот со јазикот и ја допираше устата и ѝ шепотеше: „Најсакана моја, ти си мој копнеж, мој живот. Само кај тебе го наоѓам мојот душевен мир“. На Ана секогаш и се допаѓаа неговите зборови. И го отклучуваа срцето со магичен клуч и ѝ се чинеше дека е балон, и лета некаде далеку, далеку, до месечината, допирајќи ги ѕвездите кои ја полнеа со енергија и се враќаше назад полна со среќа во душата и срцето.

Ана почна да се топи од милина. Заборави на сè и му рече: „Бојан јас те сакам повеќе од што можеш да претпоставиш и мислам дека срцето ќе ми пукне кога ќе почнеш да ми шепотиш“. „Да?“, ѝ одговори Бојан и почна полека да оди кон срцето чувствувајќи како градите ѝ стануваат тврди заедно со нејзините брадавици. И ги масираше градите полека, нежно. Ана трепереше под неговите цврсти раце. Таа го бакнуваше по челото и му ги гризеше усните. Рамената му ги гребеше со ноктите. „Ах твојот допир, ме прави цврст, самоуверен. Години ми требаа да дојдам, да те пронајдам таму каде што си. Многу се каам, но не можам минатото да го променам. Сакам да бидеш задоволна во понатамошниот наш заеднички живот и сè ќе направам да бидеш задоволна“, ѝ рече Бојан.

Почна уште пострасно да ја бакнува. Од градите, рацете полека му се спуштаа надолу кон нејзиното меѓуножје. Ја качи на хауба и ѝ ги рашири нозете. Полека почна да и ги соблекува гаќичките кои ѝ се наѕираа под нејзината кратка сукна. Таа му го откопча шлицот, му го извади неговиот цврст, набрекнат орган и почна полека да го бакнува врвот од неговиот орган, да го лижи надолу. Беа многу возбудени. Малку подалеку беа од патот, но и да поминуваа коли немаше да престанат. Тој не можеше да издржи, ја фати за колковите и влезе во неа длабоко. Таа се прививаше кон него и стенкаше. Бојан со рацете ѝ ги држеше топлите колкови надвивајќи се над неа. Ритамот им беше спор, таман за уживање. Задоволството за кратко време ги совлада. Потоа Ана му рече „Ајде Бојан да се средиме, само што не пристигнале Естела и Миро“.

Се средија. Сонцето веќе се губеше под хоризонтот. Почна да затемнува. Во меѓувреме дојдоа Естела и Миро. Носеа гајба овошје. Почнаа да се шегуваат и им кажаа: „Се надеваме дека не ви беше досадно сами“. „Баш ни беше интересно“, им одговорија смеејќи се двајцата. Заедно се качија во колата и тргнаа. Патуваа со разговори во релаксирана и пријатна атмосфера. Естела и Миро ги поканија и друг пат заедно да одат на викенд во планинската куќичка. Ана и Бојан ја прифатија поканата и им се заблагодарија за престојот во куќичката. Од далеку се гледаа светилките од градот.

АНИ