Еротски приказни: ЉУБОВ, САМО ЉУБОВ
Сите сакаат да им се случи љубов на прв поглед. И секој на различен начин ја доживува љубовта. Реалистите би ја претставиле љубовта како производ на хемиски реакции, оние малку поромантични, веројатно, како комбинација на сродни духови, оние кои се оштетени од негативните искуства, веројатно, би тврделе дека таа не постои. По последните мои неуспеси, јас бев од оние кои беа убедени дека љубовта не постои. Сѐ е тоа илузија и постои само материјален интерес – бев веќе така убедена.
Меѓутоа, со последните случувања со Далибор сфатив дека таа постои, тука е меѓу нас. Нема боја и мирис. Таа лебди во воздухот во нас, околу нас и се создава некаде, брзо, експлозивно и излегува во вид чад, но некаде на чадот му треба повеќе време да помине за да се распали огинот и да почне да чури. Се убедив дека постојат различни начини, време и околности на заљубување.
Мислам дека можеби нејзината најдобра и почетна карактеристика, заљубувањето е различно за секого. Понекогаш е доволно да седнеш до некого да знаеш дека си на вистинското место, а понекогаш дури и сите разговори на овој свет не можат да ја надоместат таа... тишина. Не мора да се каже и збор, меѓутоа едно прашање ако секој сам за себе си го одговори соодветно, тоа е љубов.
Како започна љубовта и зошто не сакам да престане? Се прашувам на почеток. Почетокот е важен, постои и се развива. Крајот е друга приказна. Никој не го знае и не е важен. Важни се моментите поминати заедно.
Кога разбрав за несреќата, не знаев дали го сожалувам Далибор или ми значеше тој без несреќата, но како врвеа деновите, така се формираше еден убав почеток со разбирање помеѓу двајцата. Можеби и времето поминато заедно ни влијаеше, меѓутоа знам дека ова за мене е нешто ново, срцето ми чука поинаку, јас бев препородена од нашата врска.
Љубовта се трудев да ја чувам во еден агол од моето срце, да бидам трпелива и ги паметев зборовите од мајка ми што ми одѕвонуваа во главата: „Те молам, Каролина, немој да се возбудуваш. Остави ги настаните да си имаат свој тек. Те уверувам дека сѐ ќе се заврши добро“.
Се трудев да постапувам така. На Далибор му ги извадија лонгетите од раката и од ногата и докторот му препорачал да оди в бања на рехабилитација. Далибор беше радосен и рече дека ако сакам, може да го придружувам. Мојот одговор беше позитивен и навистина сакав да престојувам заедно со него и му реков дека ќе разговарам на работа, со шефот и со другите колеги и ако ми дозволат да земам одмор ќе одиме.
Длабоко во мене, срцето ми пееше од радост, се радував бидејќи му бев потребна не на кој било, туку на Далибор. На работа другиот ден разговарав со шефот и со другите мои колеги. Сите заедно се израдуваа за овој мој потег и ми дозволија да земам одмор и да го придружувам Далибор на бања. Бев пресреќна. Му се јавив на телефон и кога слушна се израдува од сѐ срце. Далибор ми кажа дека веќе се договорил со докторот и за неколку дена може да тргнеме.
Следните три дена бев на работа речици по цел ден затоа што морав да ги завршам обврските пред да земам одмор. Далибор вежбаше дома со сестра му Даниела и одеше на физикална терапија и малку му се пуштиле ногата и раката. Секој наш разговор беше како птичјо цвркотење, секој збор што беше изговорен ми беше помил од претходниот. Секој збор искажуваше среќа и беше изговорен со внатрешна енергија, поттик и љубов. Мојата љубов почна да живее. Она што секогаш сум го посакувала ми се случува и ја живеам реалноста.
Овие денови гласот му звучеше бескрајно мил, можеби бидејќи заедно ќе бидеме на бања. Го прашав дали може да знам каде одиме и ми кажа да бидам трпелива затоа што сакал да биде изненадување. Кога отидов кај него, ми покажа на мобилен фотографии од планински хотел со бања. Се изненадив од убавината на апартманот. Хотелот изгледаше прекрасно. Планинската бања ми го одземаше здивот. Фотографиите беа преубави, исполнети со убави пејзажи за гледање. Си замислував каква ќе биде околината кога ќе патуваме и колку фотографии ќе направиме. Бев расположена премногу, а, исто така, и весела и среќна. За среќа многу малку треба. Барем за мене е така.
Бев одушевена од фотографиите. Го прегрнав Далибор. Го бакнував по лицето и по образите. Ми се приближи и ми рече: „Облечена си во фармерки што убаво ти стојат и ужасно ме запалија. Го обожавам твоето тело, твојата мека кожа и твоето меѓуножје. Сакам бескрајно да водам љубов со тебе. Се надевам дека ќе се опоравам и ќе уживаме во меѓусебната љубов“.
Во тој момент, лесно ме фати за бутовите.Јас не му се противев.Ме повлече кон него и ме оспипа со врели и нежни бакнежи. Потоа, ме прегрна. Телото ми беше цело во трпки. Се збунив. Толку многу љубов искажана во бакнежи по вратот и по градите. Може ли некој толку да се љуби? Љубовта е бескрајна.
Подоцна, неговата рака се спушти до копчето од моите панталони. Не можеше да ме откопча и јас го откопчав копчето. Бакнувајќи ме ја стави раката во моите гаќички.Почнав да се тресам и целата се навлажнив. Тој уживаше и јас со него. Ме праша ненадејно: „Може ли да ти верувам? Дали си ти таа – вистинската? Дали ќе бидеме заљубени цел живот?“
Почнав да се припивам кон него. Моето тело се надвисна над неговото. Заборавив на скршениците. Сигурно и Далибор бидејќи му се искриви лицето. Ние продолживме. Водењето љубов завршува, меѓутоа љубовта трае. И можеби ќе трае.
ОСАМЕНА