Еротски приказни: МИРОТ Е СВЕТА РАБОТА
По вечерата бевме поканети на пијалак од Нино, сопственикот на спа центарот, во барот што се наоѓаше од другата страна на хотелот. Ние се двоумевме, но Лина и Људмил нѐ убедија да прифатиме поканата затоа што ако Нино некој поканува, тој тоа го прави од срце.
Барот беше стилски наместен, со бели фотелји, тросед и мали масички со светло-црвени лустери. За максимално да се искористи долгиот и релативно тесен простор на кафулето, имаше поставено неколку дрвени маси со по четири црни фотелји. На еден од ѕидовите беше поставен гламурозен тепих што беше највпечатлив елемент. Ѕидните светилки дополнително ги нагласуваа неговите дезени и текстура. Се препознаваше дека сите парчиња беа грижливо одбрани и добро се вклопуваа едно со друго. Овој прекрасен амбиент го дополнуваше изгледот на подот. Во внатрешноста доминираа црвената, белата и црната боја.
Сѐ беше складно наместено и поставено. Дури и филџаните и чашите беа црвени, црни и бели.
Сите елементи зрачеа со чувство на гламур, меѓутоа и на мир и на релаксација. Голема концентрација на мир. Мир што создава чувство на решителност, сигурност и самодоверба. Мирот е света работа. Има луѓе кои зрачат со добрина и со мир. Во овој случај, тоа е Нино. Тој беше толку смирен, што и просторот зрачеше од мир.
Вечерта разговорот се одвиваше на повеќе теми, но најмногу околу спа центарот. Нино се интересираше што му недостасува за да го реновира. Јас и Далибор, со оглед на тоа што сме првпат тука, не можевме да му најдеме некоја мана и нормално бевме задоволни, меѓутоа ако повеќепати се престојува овде, како Лина и Људмил, нормално е дека ќе се најде некаков недостаток.
Потоа, разговорот продолжи за спасувачката мисија за мајката шарпланинец за утре наутро. Нино рече дека утре и тој би дошол, но имал работа – ќе чекал да дојдат мајстори за водовод. Повторно ни кажа дека донел голема куќичка за мајката шарпланинец и дека утре наутро ќе може да отидеме и ако сѐ уште се таму, ќе може да ги донесеме живи и здрави. Се јавил и во шелтер-службата да испратат луѓе, а со нив и ветеринар.
Вечерта ја поминавме во добро расположение и се договоривме утре наутро рано да отидеме до местото каде што ја најдовме мајката шарпланинец. Далибор ќе остане во хотелот и ќе оди на терапија, а јас ќе отидам со нив.
Се вративме во апартманот и од многу настани, а јас и од возбуда што ќе одиме утре да ги земеме кучињата, бевме изморени и заспавме веднаш.
Утрото рано станавме и тргнавме. На пола пат, нѐ чекаше шелтер-службата со ветеринар. Ги одведов до местото каде што ја видовме вчера мајката шарпланинец со малите кученца.
Таа вчера беше изморена и беше мирна. Утрово, кога нѐ виде, беше многу агресивна, и очигледно гладна, и почна да ‘ржи по нас. Кон неа полека се приближија вработените од шелтер-службата. Со нив имаше и скротувач на кучиња. Таа ги имаше лошо налегнато малите кученца и не дозволуваше никој да ѝ се приближи. Скротувачот на кучиња прво пристапи кон неа, а потоа луѓето од шелтер-службата. Се плашеа да не си ги змечи кученцата и затоа ја фатија мајката шарпланинец и ѝ ставија маска, ја врзаа, ги кренаа малите кученца што цивкаа како бебиња и ги ставија в корпа. Потоа, тргнавме накај хотелот.
Кога стигнавме во хотелот, ја сместија мајката шарпланинец со кученцата. Таа се радуваше, ја вртеше со опашката, а тие цивкаа околу неа. Мене конечно ми дојде срцето на место. Кученцата беа згрижени и беа спасени заедно со нивната мајка.
Потоа сите заминаа секој по своја работа. Мене ме исполни чувство на радост и поитав во апартманот за да му се пофалам на Далибор дека мисијата заврши успешно. Меѓутоа, кога влегов, видов дека Далибор спиеше. Најверојатно се вратил од терапија и заспал. Јас легнав до него.
Му се приближив и почнав да го бакнувам. Далибор ги отвори очите и силно ме гушна. Неговите усни ги побараа моите. Тие, како пеперутка што ги шири своите крилја, се раширија и ги примија неговите меки усни. Ми годеше неговата заинтересираност за мене, неговиот мирис од телото што ме предизвикуваше да водам љубов бесконечно долго.
Ги соблеков гаќичките. Потоа му ги соблеков неговите боксерки. Го гледав неговиот отечен „орган“ и секако се запалив. Го фатив за задникот со левата рака, нежно масирајќи му го. Му ги фатив „топчињата“ со десната рака.
Му ги стискав „топчињата“ нежно, два-три пати и потоа почнав да му го бакнувам „органот“. Тоа беше доволно за да пукне и за да доживее врвно задоволство. Му го држев „органот“ додека првите млазови сперматозоиди летаа на три или четири метри.
Нежно се припив кон него. Далибор со јазикот почна да ми ги бакнува градите, рамената и стомакот. Морав да си признам дека секој негов потег кај мене предизвикуваше бура од возбуда. Потоа, нежно ми ги рашири нозете. Јас испуштав длабоки воздишки. Се „качив“ врз него. Пополека „влегував“ и „излегував“ од неговиот „орган“. Далибор стенкаше под моите налети. Моите гради ги ставив под неговата устата. Од желба да ги бакнува, ќе се задавеше. Почнав да се смеам и тој сфати зошто и почнавме да се смее заедно. Заедно свршивме.
Потоа и двајцата се смеевме за нашите постапки. Ова не беше само престој в бања, ова беше наш мир, наш живот и почеток на нова иднина во нашите срца.
Ми заѕвони телефонот. Ме бараше Лина. Сакаше да одиме и да ги видиме кученцата и мајката шарпланинец. Таа лежеше на среде, а малите кученца беа околу неа покриени со ќебе. Мајката шарпланинец беше смирена и веќе ја немаше нејзината агресија. Многу беа убави. Со Лина се прашувавме кој ја избркал мајката шарпланинец на сред шума. Како и да е, ние бевме среќни што сите ги спасивме
ОСАМЕНА