Еротски приказни: НЕОСТВАРЕНА СРЕДБА

Добивај вести на Viber

Откако во паркот се сретнав со Далибор и си закажавме средба, моето спокојство и мир се заменија со немир. Приквечер и вечерта ми се обзеде целото внимание со него и кога легнав да спијам, се превртував во креветот и не можев да заспијам. Очите ми беа отворени и мислев дека ноќта никогаш нема да помине. Не можев да го извадам од главата сознанието дека сум му оставила впечаток и дека не ме заборавил.

  Станав среде ноќ и се релаксирав в топла бања и си фантазирав што ќе правиме утре навечер. Првенствено, направив список каде ќе го поминам денот за да ми помине побрзо. Потоа, се навратив на сеќавањата во колата каде што телата сами ни се споија. Во водата го пуштив млазот од тушот, што врнеше врз мене и топлата вода ме смируваше.

  Очите ми се затвораа. Станав од кадата, се избришав со крпата и си отидов да си легнам. Фантазиите продолжија да ми се вртат во главата. Од топлината што ми го исполнуваше телото се занесов. Може сум задремала...

  Далибор беше до мене. Ме заврти на страна и малку ми ја крена ногата. Ме фати за колкот и ми се приближи и се потпре на мојот задник. Почна полека да „влегува“ во мене. Јас длабоко воздивнував предизвикана од неговото бавно и нежно „влегување“. Дури си го слушнав гласот: „Можеш ли, Далибор, да го направиш тоа малку поагресивно? Го губам трпението очекувајќи повторно да навлезеш во мене“.

  Далибор ми шепотеше на уво: „Па, и јас сум пресреќен, никогаш не сум ни сонувал дека можам да бидам со таква убава жена како што си ти и ме привлекуваш премногу, но се воздржувам цело време затоа што не сакам брзо да заврши играва. Сакам да уживаме и јас во твоето тело и ти во моето“.

  Тој почна полека да забрзува и се опушташе сѐ повеќе и повеќе и почна сѐ побрзо да „влегува“ и да „излегува“ од мојот задник. Моите воздишки се стануваа се поинтензивни. Тој почна да се празни во мојата утроба. Од мене можеше да се слушнат воздишки на блаженство, но не бев задоволна. Станав, се избришав и сакав да продолжиме.

  Наеднаш, почна нешто да ѕвони и рипнав. Мобилниот. Не можев да се начудам. Сѐ ова било сон. Толку беше реално и вистинско. Ги отворив очите.

  Почнав да мислам. Не можев да дозволам Далибор да влезе во мојот мозок, во моите чувства, да ја предизвикува мојата интима и да влегувам во виртуелна идила со него? Морав да бидам трпелива.

  Искрено, многупати се изгорев трчајќи по трагите на мојата заслепеност, но ред е да се смирам и да си ги оставам работите сами да си направат своја насока и движење. Треба да почувствувам заљубување, да ми бие срцето и да ми клокоти душата. Немам потреба ни да се брзам. Од моите родители имав целосна поддршка за сите мои постапки и за сѐ во животот.

  Морам да бидам стрплива и да оставам настаните да течат во својот правец. Станав, се преоблеков и се симнав да пијам кафе со моите. Ги поканив мајка ми и Ангела за да ме дружат на фризер за да ми помине денот побрзо. Двете прифатија и така ни помина денот. Се шетавме по трговскиот центар, пробувавме гардероба и купувавме облека. Ангела купуваше најмногу бидејќи беше пресреќна што доаѓа со нас и се чувствуваше како вистинска девојка.

Јас купив црвен фустан и чевли со високи потпетици. Си обезбедив гардероба за вечер. Потоа, отидовме на фризер и подоцна отидовме на ручек во блискиот ресторан.

  Се јави татко ми, и тој дојде и сите заедно ручавме и им се воодушевувавме на храната и на амбиентот. Разговаравме за разни теми, меѓутоа за вечерва не ме прашуваа, а и јас не сакав да разговарам ништо за тоа. По моето дотерување претпоставуваа дека нешто важно се случува. Моите имаа свој стил на живеење и беа свесни дека секој си има право на своја слобода во животот. Не само сега туку секогаш го оставале правото на избор.

По извесно време, сите се вративме дома и се одморавме. Јас се преморив што од тоа што сношти не спиев, а и дополнително денес се преморивме. Легнав и сум задремала. Ме разбуди звукот од мобилниот телефон. Тоа беше Далибор. Почна да ми зборува, меѓутоа некако ми звучеше како истоштен. „Далибор, што се случува?“, го прашав директно. „Ништо. Сакав само да те известам дека вечерва нема да можеме да се видиме“, ми одговори.

  Во истиот момент се вознемирив. Почнав да го прашувам со загрижувачки тон што е работата и каде се наоѓа на што ми одговори: „Каролина, не е ништо страшно, имавме мала сообраќајна незгода со една кандидатка. Јас сум в болница, имам повреди на главата и ми е скршена раката а нејзе не ѝ е ништо. Возачот од другото возило налета директно на нас. Дојдоа полицајци и направија записник. Тој беше крив, но за тоа потоа“.

  Инсистирав во која болница е за да одам да го посетам. Далибор ме убедуваше дека не му е ништо, меѓутоа на крај попушти и ми кажа дека е сместен во градската општа болница. Се облеков набрзина и тргнав. Бев збунета, налутена и вознемирена. Средбата што толку многу ја мечтаев не се реализира. Причината е оправдана, но не мораше ова да се случи. На секој мој отворен пат има некоја препрека што мора да се премости.

Кога стигнав во болницата, во ходникот имаше три жени. Ги прашав и тие рекоа дека исто чекаат за кај Далибор. Едната жена беше постара и се претстави дека му е мајка. На другите две само им се насмевнав и седнав на клупата и чекавме сите заедно.

ОСАМЕНА