Еротски приказни: ПОЧЕТОК НА НЕШТО НОВО

Добивај вести на Viber

Сиот тој кошмар што ми се случуваше морав да го надминам. За себе мислев дека не сум силна личност, но како што поминуваше времето, така полека се соземав. Сфатив дека морам да живеам и дека во животот се случуваат повеќе лоши настани отколку добри и колку и да е некој немоќен, наоѓа сили некаде од дното на душата и на крајот ги совладува.

  Минатото не може да се промени колку и да е болно, вистинито и неповратно. Едноставно, мора да се продолжи животот. Не може да се трча напред бидејќи се нема сила, а душата и срцето боледуваат додека не сфатат дека така морало да биде и не може да се промени.

  Во мојот живот се сѐ преврте. Наместо да се разведеме, Милан почина. Ален го нема подолго време, а Ставре пропадна во земја. Останав сама, меѓутоа најдобар лек во ваква збрка е работата како лек за заборавање. Решив времето да го искористам и да положам за возач. Таа идеја ме исполни сосем со оглед на домашниот инцидент и добив цврста волја и не се повлекував. Се пријавив за тестови и ги положив и потоа почнав да одам на часови.

  Секој почеток е тежок. Далибор како инструктор се трудеше и многу повеќе отколку што треба. Тој беше трплив и внимателен. Ако направев грешка, ќе ми кажеше да застанам, да се смирам и потоа продолжував да возам. Го засакав возењето и ми беше пријатно.

  Времето ми поминуваше на работа и попладне на обука. Освен тоа, Далибор беше многу интересен тип. Знаеше кога да биде сериозен, а кога да ме насмее и никогаш не ми беше досадно во негово друштво. Со него почнав да се расположувам и постепено да се шегувам и да се смеам. Колку почетокот лаже. Кога го запознав Далибор беше карактер, а сега сосем друг. Или можеби не сум го познавала. Блискоста доаѓа сама по себе, да се запознаеш, па полека да го истражуваш карактерот и во разни ситуации како се однесува и тој а и јас.

  Анализирајќи си ги моите врски, забележав дека сите врски ми беа многу брзи и од познанство завршуваа веднаш в кревет. Изгледа и тоа беше една од причините што не ми беа успешни врските, а особено со Милан.

  Во тие тешки животни моменти, сакав вината за целиот љубовен бродолом да си ја префрлам врз себе, но не беше баш така. Има една важна компонента што сите ја занемаруваме, а тоа е искуството и зрелоста. Некои луѓе созреваат побрзо, а некои поспоро. Нема магична формула на предизвици ни во љубовта. Ако хемијата делува, ќе се заљубиш еден во друг ако не делува, сѐ е глума и еден ден ќе пукне како надуен балон.

  Повеќе од пола обука помина, а јас не ја осетив. Спонтано почнавме да правиме кафе-пауза и да разговараме за различни теми. Двајцата забележавме со тек на време дека имаме многу заеднички теми. Неговиот приватен живот не ме интересираше. а и тој не ми имаше ништо кажано.

  На едно од последните возења ме викнаа порано на работа затоа што имало гости од странство, а недостасувал персонал. Оставивме половина час за некој друг ден. Далибор инсистираше да го искористам и ова преостанато време велејќи ми: „Ќе повозиш и ќе пиеме кафе“. Се согласив. Возењето и разговорите со него ми беа единствена разонода.

  Неколку дена потоа ми се јави Далибор. Бев на работа и се договоривме да се видиме попладне. Отидов дома, се дотерав и излегов да се сретнам со Далибор, кој ме чекаше на споредната улица.

  Беше зима. Почна ситно да паѓа снег. Далибор излезе да ме пречека. Јас насмеана се поздравив со него.

  Тој почна да се смее поради моето весело расположение, а јас му објаснив: „Зимата ја обожавав уште кога бев дете. Одевме на скијање, се санкавме, се лизгав по снег, со еден збор ме предизвикуваа сите зимски игри. Оваа убава ледена принцеза цврсто седи на престолот и со нејзиното волшебно стапче сѐ претвора во студено и бело и кај мене ги буди најубавите и најнежни чувства. Сакам да гледам како снегот паѓа од небото – волшебно е чувството да се гледа како деликатните бели снегулки треперат и се топат во воздухот. Тие снегулки се симбол на нешто недостижно, убаво и недопрено“.

  Ме прекина Далибор: „Сакаш да кажеш безгрижно?“ Речиси крикнав: „Далибор ти ме прочита?“ Потоа продолжи: „Ти си едно големо дете Каролина. Детското е уште во тебе и затоа патиш по луѓето и за сѐ што се случило си префрлаш“.

  Како што возев, се напластуваше сувиот снег и застанав во една приградска улица на крајот од градот каде што имаше само дрвја од кои тивко паѓаа мали пластови снег.

  „Црвена си во лицето“, ми рече Далибор приближувајќи ме до огледалцето. Се видов, образите ми беа жар црвени. Почна да ми ја гали косата и почна да ме бакнува по целото лице. Не можев да останам рамнодушна кон него. Му го пикнав јазикот во увото, му го крицкав вратот и ја префрлив раката на неговото меѓуножје.

  Одамна не сум почувствувала таква сладост. Потоа, ми го спушти седиштето, ми ја откопча јакната и почна да ме бакнува по вратот и по рамената. Ја соблеков блузата. Тој беше многу вознемирен и напнат. Срцето му чукаше како лудо. Моето срце му се придружи и двете срца чукаа во истиот ритам.

  Продолжи да ме грицка и да ми ги масира градите. Чувството беше прекрасно – во тој момент заборавив на сѐ. Се опуштив, а тој продолжи со јазикот да ми ги лиже брадавиците. На срцебиењето му се придружи моето треперење. Далибор почна да ми шепоти многу убави зборови: „Многу ми се допаѓаш. Дали ти се допаѓам? Се заљубив во тебе уште кога те видов“.

  Се насмеав. Во ваква позиција сум се решила да бидам со него в прегратки и кога ми ласка или ми кажува слаткоречиви зборови не можев да му одолеам. Потоа, веднаш му одговорив: „Далибор, штом ја прифатив твојата прегратка, сигурно нешто чувствувам за тебе. Искрено, не сум размислила досега, меѓутоа симпатичен си ми, пријатен и внимателен“.

  Ова ми личеше на нов почеток. Всушност, најважно е да се дружиме. Бев изненадена и возбудена. Ова беше сосем нов почеток.

ОСАМЕНА