Еротски приказни: РОНИ, НИКИ, АЛЕК…
Мина ме познаваше и забележа дека не сум воопшто расположена, само
ме погледна благо и мудро, ги крена веѓите и продолжи да раскажува: „Инес, те
молам биди уште малку трпелива да раскажам бидејќи ме интересира твое
мислење“. Не можев а да не ја прекорам велејќи ѝ: „Типично за тебе Мина.
Мораш да раскажеш“.
Таа се загледа некаде во просторот и продолжи не обрнувајќи им
внимание на моите зборови: „Двајцата продолживме да се бакнуваме и да се
милуваме. Тој ме легна на кревет и се исправи пред мене. Неговите нозе ги
крена и ги стави на моите рамена. „Влезе“ во мене што јас едвај дочекав ја
осетам неговата жешка сексуалност и почнав жестоко да „влегувам“ и да
„излегувам“ од него. Заедно го доживеавме врвот. Баш ми е чудно како сношти
не нѐ слушнавте. На Рони лицето му беше избезумено. Не можеше да престане
да кажува дека ме сака, не може да живее без мене и цело време ме молеше од
вечерва да одиме кај него и да почнеме да живееме заедно“.
Ја погледнав Мина рамнодушно. Знаев дека никогаш нема да се согласи
да живее заедно со Рони. Рони беше добар и внимателен дечко, но Мина ѝ
немаше ставено крај на врската со Ники. Јас моето мислење ѝ го имав кажано
многупати дека мора еднаш да им стави крај на двете врски. Рони не го сакаше,
туку го користеше во оној момент кога ѝ требаше некој да ѝ биде рамо за
плачење. А со Ники мора да стави крај на врската поради неговото предавство и
непочит кон неа.
Неколку секунди седевме во тишина. Мина ме погледна и ми рече тивко:
„Искрено кажано Инес, денес сум тажна. Зошто убавите нешта треба многу да
ги чекаш? Сѐ виси некаде во воздухот и не можам веќе да се гледам со двајцата
истовремено. Меѓутоа, не можам да се одлучам со кого да останам“.
Мојот одговор ѝ беше јасен. Оваа нејзина интимна тема беше актуелна
повеќе од година. Мина беше добра девојка, воспитана и забавна. Се забавувале
со Ники десеттина години, во некоја за него безначајна врска и тој ја изневерил
со нејзината родена сестра. Случајно ги видела заедно и избувнала голема
расправија.
Сестра ѝ секогаш ѝ била љубоморна, но го фатила моментот на слабост
на дечко ѝ и го искористила. Дома се карале пред нивните родители
обвинувајќи ја Мина дека сама е виновна за нејзината врска и јавно говорела
дека Мина не го сака Ники. Двете сестри се скарале. Нејзините родители не
можеле да заземат страна, но по овој настан умира татко ѝ.
Уште повеќе се продлабочила расправијата, а Мина донела одлука да
купи стан и да се раздели од мајка ѝ и од сестра ѝ. Кога се преселила таа, се
обидувала да го заборави Ники и започнала врска со Рони. Во меѓувреме, Ники
и сестра ѝ раскинале и Ники повторно сакал да ѝ се вратил на Мина. Се каел и
плачел што направил таква грешка и барал Мина да му прости и да продолжи
нивната врска. Само така ќе докажел дека нејзината сестра го намамила за да ја
изневери.
Многупати пред мене се расправаа, но јас бев и пред двајцата
категорична дека нивното време е завршено и дека секој треба да си оди по
својот пат. Минатото кај нив секогаш ќе им биде сопатник и само ќе дебатираат
и ќе се расправаат. Мина тоа го знаеше многу добро, меѓутоа сѐ уште не сакаше
да го прифати или сакаше да си признае дека е сѐ завршено и дека мора еден ден
да пресече.
Тоа се однесуваше и за мојата врска и врската на Изабела. Штом љубовта
е завршена, нема што да се продолжи. Ако љубовта постои, таа се храни со мед
и со млеко, а не со горчина, гнев, бес и болка. Ова е одење по жица в сон и ако
паднеш, не ти е важно, но под некој вид хипноза си и имаш храброст и сила.
Кој ја држи љубовта? Верата, надежта, силата и храброста. Основни
двигатели на човечкиот живот. Ова не се празни зборови, туку реално
претворени и осознаени во борбата за опстанок.
Секој си има еден живот. Никој нема резервен живот за да може некој да
го манипулира и да го искористува. Мора секој да биде со мислите присебен и
да знае што сака во моментот. И кога некаде се наѕира крајот, болката за кој
било ќе боли, боли и со текот на времето ќе исчезне. Ако им остави на другите
да избираат за него, тешко дека ќе решат за него. Секој си се познава себеси до
одредена граница. И мора тој да управува со себе.
Кога одевме на работа, сето ова ѝ го кажав на Мина. Таа климаше со
глава. Пред да си ги извадиме картичките за да се евидентираме, застана и ги
впери очите во мене. Беше сериозна, со солзи во очите и за првпат ја видов
толку резигнирана и разочарана. Ѝ ми рече: „Инес, и јас си имам внатрешен
глас што ми говори дека не можам да продолжам вака. Морам еднаш засекогаш
да ставам крај на сѐ. Се иселив од кај моите, татко ми го загубив, со мајка ми и
со сестра ми ништо не ме поврзува, а уште се влечам со багажот од минатото.
Морам да ја решам оваа ситуација. Сосема си во право“. Ме бакна и си отиде в
канцеларија.
Влегов во мојата канцеларија. Си го соблеков мантилот и ми заѕвони
мобилниот телефон. Уште кога заѕвони, знаев кој е. Алек! Знаеше некогаш да
биде театрален и шегаџија и ми рече дека стигнал на работа и веќе е в
канцеларија и сакал да ме слушне додека чекал состанокот да му почне.
Доволно го познавав и го очекував ова. Кога ќе погрешеше, по некое време ќе
размислеше и кога ќе се јавеше повторно се однесуваше како ништо да не се
случило.
Ме праша дали сигнав на работа затоа што имаше застој во сообраќајот
од снегот што неуморно паѓаше. Приквечер ако е сѐ во ред, ќе дошол да сме се
прошетаме по снегот и да уживаме. Му кажав дека ако цел ден паѓа снег, не
мора вечер да доаѓа.
СОСЕТКИ