Еротски приказни: СРЦЕ ПОЛНО РОЗИ

Добивај вести на Viber

Кога е некој во посебна состојба, не може да ги сокрие своите емоции. Во таа љубовна екстаза, неговиот поглед кажуваше сѐ. Од тие искрени жарчиња што летаа на сите страни, можев да забележам дека се заљубил во мене. Каква радост почувствував. Пеперутките во мојот стомак се охрабрија и летаа на сите страни – мислев дека ќе излезат низ грлото надвор.

  Сѐ ќе поминам, сѐ што се случува ќе истрпам, но сакав искреноста да биде симбол на мојата врска и најзначајното нешто во животот - љубовта. Заљубеност не значи идеалност, туку честопати се заљубуваме во маните кај некого. Честопати се заљубуваме во неговиот неправилен нос, во нејзините кратки веѓи, во нејзините големи очи, неговите клемпави уши или криви заби. Љубовта значи да се засака некој заедно со неговиот недостаток што го прави симпатичен и да не се обрнува внимание на тие недостатоци, туку дури и да ги обожува.

  Го прегрнав Далибор, лежев врз него, на неговите гради. Погледот ми отиде на страна. Спроти нас, беше поставено стилско огледало што ни ги оцртуваше нашите полуголи тела. Размислував дека со ова сознание ми падна од грб голем камен, претежок и се чувствував лесна како пердув.

  Далибор почна повторно да ме бакнува по образите и по вратот. Јас полека се соблекував. Го соблеков градникот и тој почна да ми ги гали и да ми ги бакнува градите. Почна да ми ги гризе брадавиците и по извесно време ја спушти раката и почна да ме гали низ гаќичките. Се возбудив премногу и ги соблеков, а тој полека се спушти до мојот стомак бакнувајќи го секој милиметар од моето тело.

  Иако беше во незавидна состојба со лонгетите, ме остави без здив, почнав да треперам и се „качив“ врз него. „Одевме“ заедно во ист ритам. Ме исполни со долги движења и секое движење и секој грч во мене беа придружени со звукот на неговите „топчиња“ што „удираа“ во мене. Иако беше под мене, се трудеше да забрза, стенкаше гласно и осетив како испрснува обилен топол млаз длабоко во мојата утроба. Со врели бакнежи го опсипав неговото лице, ги гризев неговите меки и нежни усни што ме мамеа како најзрело овошје што чека да го гризнам.

  Далибор почна да издишува длабоко. „Многу сум среќен“, изусти со тивок глас. Кога ги слушнав овие негови зборови, ме преплавија спомени од минатото и се споија со моите емоции. Солзи почнаа сами да ми капат по лицето. Колку малку треба за среќа, а колку време треба да се чека. Љубовта и саканиот или саканата се тука некаде присутни, до нас, со нас, околу нас, меѓутоа како да се препознаат, како да се осознае кој е тој или таа вистинската.

  Последниве две недели доживеав многу нови настани, а ова последново признание од Далибор ми беше капак на сѐ. Ме извади од нормала. Солзите ми течеа низ лицето. Далибор се обиде да ме избрише, но го запрев со раката: „Остави ме те молам. Имам премногу собрани настани во моето срце што ако се исплачам, ќе ми излезат. Мислам дека ако се исплачам ќе ми биде полесно“.

  Неговите уште не беа вратени. Станав, се облеков и му помогнав да се облече. Седевме в тишина и го пиевме кафето. Тие мали голтки кафе ми го натопуваа сувото грло и ми даваа знак дека сум жива и дека сум сакана од некого. Не можев да поверувам сѐ уште на неговите зборови.

  По кратко време, заѕвони ѕвончето. Мајка му и сестра му се вратија. Кога влегоа и не видоа заедно, се израдуваа многу. Биле на пазарење и јаделе пица во блиската пицерија и ни донесоа и нам. Далибор јадеше малку, но, јас не бев гладна. Ги засакав неизмерно и овие две жени. Беа полни со благопријатна добрина во себе. Споделуваа сѐ и не криеја ништо и со мене се однесуваа како да сум член на семејството. Едноставно чувствував дека ме сакаат.

Сакаа да останам уште малку, меѓутоа јас се извинив дека е доцна, дека сум изморена и дека ќе си одам дома. Всушност, не сакав да ја уништам таа волшебна магија што ми ги беше опфатила срцето и душата. Сакав да бидам сама со себе. Влегов в кола, меѓутоа треперев како лист и се возев бесцелно по градот за малку да ми се смири срцето што возбудено чукаше.

Кога стигнав дома, таму беа сестра ми и мајка ми. Сестра ми беше во нејзината соба, а јас ја повикав мајка ми кај мене в соба за ѝ да и се доверам. Таа влезе, а јас ѝ раскажав што се случи и дека Далибор ми изјави љубов. Почнав да плачам, а на мајка ми и се насолзија очите. Родителската грижа е најтешка и мајка ми ме тешеше, но истовремено и ме предупредуваше: „Те молам, Каролина, немој да се возбудуваш. Остави ги настаните да си имаат свој тек. Те уверувам дека сѐ ќе се заврши добро“.

Ме прегрна како мало дете. Дојде и Ангела и таа се прегрна со нас. Вечерта кога си легнав, имав чувство како на испразнет балон. Меѓутоа, од премореност и од возбуда сум заспала. Утредента станав и заминав на работа.

По работа, отидов кај Далибор. Кога влегов, мајка му и Далибор беа во дневна. Далибор беше полулегнат на каучот. Даниела беше на работа. Утрото биле на контрола и му ги извадиле лонгетите од раката и од ногата. Почнал со терапија, а докторот му препорачал да оди в бања на рехабилитација. Беа весели, а и јас се расположив.

Далибор рече дека ако сакам, може да го придружувам на бања. Му одговорив дека би сакала да одиме, но и дека треба да се договорам на работа, да разговарам со шефот и со другите колеги и ако ми дозволат да земам одмор ќе одиме. Длабоко во мене, срцето ми пееше од радост, се радував бидејќи на некого сум му потребна. Љубовта почна да цвета. Чувствував во себе. Се губеше полека онаа ладна осаменост. Местото го заземаа рози што цветаа полека, но сигурно.

На работа другиот ден разговарав со шефот и со другите мои колеги. Сите заедно се израдуваа за овој мој потег и ми дозволија да земам одмор и да го придружувам Далибор на бања. Бев пресреќна.

ОСАМЕНА