Еротски приказни: СРЕДБА СО ФИЛИП

Добивај вести на Viber

Мистична ноќ. Снегот ги мамеше луѓето да излезат од дома и да им се радуваат на снежните игри. Паркот беше осветлен со многу светилки. Овој парк беше единствен во градот во кој имаше поставено патеки со удолници и со угорници за спортски игри и беше преполн со деца кои се санкаа, маваа со топки и играа на снегот. Повеќе деца беа придружувани од нивните родители. Паркот изгледаше магично од сета таа снежна раздвиженост. а особено ноќе имаше некој блескава мистична светлина од сите бои и сите движења.

  Имаше и тинејџери од поголема возраст кои се лизгаа и се маваа со топки снег, а некои пак се превртуваа по снегот правејќи фигури. Ние со Мина заедно го влечевме Лука со санката и се обидувавме да разговараме. Лука трепереше од среќа и се радуваше еуфорично додека се санкаше.

  Почна да се оттргнува и сакаше да го пуштиме сам. Ние не сакавме, но беше удолница и тој се забрза со санката се пушти од нашите раце и Лука со сѐ санка удри во една грмушка и едно дрво до грмушката. Се распрска крв по сите страни и снегот околу него стана црвен. Лука почна да плаче, потрчаа луѓе и го однесовме в болница. Бев многу изморена и уште ова ми фалеше. Ми беше желба заедно со Мина и со Лука да му се радуваме на снегот и ете каква незгода се случи.

  Цел пат додека одевме в болница Мина беше избезумена и цело време повторуваше: „Како ќе му се јавам на татко му на Лука? Тој е многу посесивен кон Лука и секој месец ми праќа социјална служба бидејќи сака да добие старателство врз него“. Нејзиниот израз на лицето беше блед од што заклучив дека многу е вознемирена. На Мина не ѝ беше првпат да каже дека има големи проблеми со тој човек. Бил бизнисмен и живеел некаде на југ во државата и се гледале многу малку време. Кога таа останала бремена, двајцата се изјасниле дека не се еден за друг и тој го признал детето за негово.

  Додека чекавме Лука да го прегледа доктор, таа се двоумеше да му се јави ѝ јас и реков: „Чекај да видиме прво што ќе каже лекарот, а потоа ќе му се јавиш“. Дојде лекарот, го прегледа Лука и му ја сошија раната. Лука плачеше цело време и лекарот потврди дека плаче од шокот што го преживеал и предложи да му дадат инфузија и Лука да остане в болница оваа ноќ.

  Мина почна да плаче велејќи: „А овие конци на главата? Ќе си ги носи овие лузни на челото и на главата можеби цел живот“. Говореше низ плач и ми кажа дека мора да му ѕвони на татко му на Лука и да го извести што се случува. Таа се јави и почна да разговара со него. Му објаснуваше, но тој ѝ рече дека е блиску до градов и дека ќе дојде да го посети. Таа се согласи и вртеше со очите кажувајќи му: „Во ред Филип, дојди, јас сум тука в болница со пријателка, ќе останам сигурно уште. Не ми се оди дома“.

  Претпоставував дека вечерва ќе останеме в болница. Не ми беше проблем останувањето, само што по ваков турбулентен ден бев папсана. Седевме на фотелјите во холот. Јас сум задремала и слушам познат глас како разговара со Мина. „Да не сонувам нешто или ми се причини?“, си реков во себе. Ми стана ладно и почнав да се тресам од студ. Мина ме покри со јакна. Се стоплив и ги отворив очите. Не ми се веруваше. Тоа беше Фил. Извесно време му бев придружба, меѓутоа изгубивме контакт. Јас и Мина една и пол година бевме во станов и ние за сѐ разговаравме па и за Фил, но таа го викаше Филип и не сум поврзала, не сум го видела на некоја слика кај неа и така не сум дознала дека биле во близок однос.

  Се прибрав полека и му пружив рака претставувајќи му се: „Јас сум Инес, сосетка на Мина и на Лука“. Тој ми намигна со окото и ми се претстави кратко: „Филип. А вие сте таа тетка Инес, која Лука ја обожува?“ Му климнав со главата.

  Почнав да размислувам. Мина и јас сме делеле еден маж извесно време. Како знае животот сѐ да испомеша. Јас го знаев како Фил, а тие го претставуваа како Филип, а јас едноставно не поврзував. Јас и Фил имавме на некој начин службена соработка, беше љубезен, шармантен човек со стил, кој за секоја услуга ме наградуваше богато.

  Таа стана да донесе кафе. За тоа време, Филип почна тивко да ми зборува: „Каква случајност. Ни на крај памет немаше да ми текне дека ти си сосетка со Исидора. Се изгубивме, меѓутоа ете се сретнавме повторно. Ќе мора да се видиме и да разговараме“. Бев изненадена од ова кажување и молчев.

  Филип го ѕирна Лука, кој се смирил и си заспал. Дежурниот лекар дојде и ни рече дека му се добри параметрите. Јас дремев и Мина му предложи на Филип да ме однесе до дома и да ја промени облеката на Лука затоа што од падот беше целата крвава. Му даде на Филип клуч за да се качи до горе и за да му дадам облека за Лука.

  Тргнавме и кога останавме сами му кажав на Фил: „Замисли Фил, колку е мал светот. Кој да предвиди дека на ваков начин ќе се сретнеме повторно. Јас и Мина сме сосетки и станавме блиски за кратко време. Досега не сме се виделе со тебе“.

  Фил ме прегрна силно. Срцето многу силно му чукаше. Иако беше дојден од пат, мирисаше убаво – на убав машки парфем. Се сетив дека кога водевме љубов, потполно ме задоволуваше. Додека не се изморевме од водење љубов, тој не престануваше. Сакаше сите фази на секс да бидат застапени. Кога бевме заедно, ме предизвикуваше неговото мускулесто тело да бидам секогаш во форма, да се возбудувам и да сакам бесконечно да водиме љубов.

  Како да ми ја погоди мислата и Фил продолжи да ми зборува: „Не можам да ги заборавам моментите на водењето љубов. Уште ми се во мислите твоите стриптизетски движења кога ме соблекуваше дел по дел. Твојата вештина за водење љубов. Инес, една и единствена“.

  Во меѓувреме, стигнавме пред зградата и се качивме горе.

СОСЕТКИ