Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

Добивај вести на Viber

Идеалот за мазна, кристално чиста кожа без акни, пори или брчки постои откако постои човекот. Споредбата со кристалот потекнува од неговиот сјај, кој се израмнува со сјајот на здравата и негувана кожа. Но, што ако овој замислен стандард не е само мит? Со напредокот на медицинската козметика, добивме мал милион производи за подобрување и одржување на здравјето и изгледот на нашата кожа, а во продолжение ќе ве запознаеме подобро со еден од нив.

Повеќе од 100 години, компанијата Eucerin ја проучува човечката кожа за да ја произведе најквалитетната медицинска козметика за верните потрошувачи ширум светот. Долгите и интензивни истражувања ги идентификуваа потребите на женската кожа кога ќе се соочи со првите знаци на стареење и го пронајдоа решението за да го забават стареењето и да ја зачуваат кожата здрава и чиста. Станува збор за Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите, чие дејство ги намалува порите и ги измазнува првите брчки, давајќи ѝ на кожата свилено мека текстура и сјаен изглед.

Овој ултралесен серум содржи три клучни активни состојки – хијалуронска киселина, гликолна киселина и млечна киселина, за да ја направи кожата свиленкасто мазна. Формулата со антиоксиданти исто така ја штити кожата од слободни радикали и оштетувања од природните штетни влијанија од животната средина. Eucerin Hyaluron-Filler Серумот за намалување на порите е погоден за кожа што покажува први знаци на стареење, како што се фините линии, зголемени пори и груба или сува кожа. Лесната и немасна текстура го прави овој серум одличен за оние со мрсна кожа, но и идеален за користење како основа под шминка.

Првото прашање веројатно би било: Дали овој серум е соодветен за вашата кожа? Како и повеќето серуми на Eucerin, така и овој серум се препорачува за сите типови кожа, дури и за сува и многу дехидрирана кожа. Сепак, Eucerin Hyaluron-Filler Серумот за намалување на порите се препорачува за зрела кожа, односно за жени чија кожа веќе почнала да ги покажува првите знаци на стареење. Серумот се нанесува лесно и брзо, а неговата специјална формула му дозволува брзо да се апсорбира во кожата и да не остава мрсни дамки на неа.

Ако до сега не сте го направиле првиот чекор, знајте дека никогаш не е доцна да ја спасите вашата кожа и соодветно да се погрижите за неа, користејќи ги вистинските производи за нега. При првите знаци на стареење или на губење на квалитетот на кожата, најпрво консултирајте се со лекар или дерматолот, а потоа побарајте го пакувањето на Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите во вашата локална аптека и почнете да нанесувате секојдневно, според инструкциите од упатството за употреба на производот..

Негата за вашата кожа е нешто што бара секојдневно внимание и посветеност, бидејќи кожата лесно се навикнува на рутина. Тоа не значи дека предизвикот треба да ви предизвика страв. Напротив, вашата кожа ќе ви биде благодарна, а вие многу брзо ќе ги почувствувате првите придобивки од негата. 


ПР објава