Ева Лонгорија со гради на изволте, Кендал Џенер прошета без долна облека, а две дами издоминираа со седа коса: L'Oreal приреди шоу какво ретко се гледа

Добивај вести на Viber

Со феноменалното отворање на ревијата на брендот „Л’Ореал“ започна и Модната недела во Париз. Брендот донесе неколку големи имиња како учесници на шоуто, меѓу кои Кендал Џенер, Ева Лонгорија, Селин Дион, а посебен впечаток кај публиката оставија две дами.

Имено, актерката на чија убавина и се восхитуваме и во деветтата деценија, Џејн Фонда, на модната писта прошета во сребрен „диско“ капут, кој одлично се совпаѓаше со нејзините сиви локни.

Виолетовиот кармин доминираше на нејзините усни и одлично го комплетираше нејзиниот стајлинг.

Сепак, на модната писта излезе и нејзината колешка, која во 2022 година нејзините кафени кадрици ги замени со седа коса, Енди Мекдауел. Ова не е прв пат оваа жена во седмата деценија да придонесе со својот гламур на ревијата на модната недела во Париз, и секој пат маестрално да ја изведе својата поента.

Малку брановидната коса одлично се совпадна со сребрениот светкав фустан со тесен корсет. Силно нашминканите очи и „нуд“ карминот беа изборот на оваа дама.

Шоуто се викаше „Шетај ја твојата вредност“, што дефинитивно го направија овие дами. Подоцна тие позираа заедно со широки насмевки и е потценување да се каже дека ова е одличен почеток на најголемиот моден настан годинава.



Ева Лонгорија на модната писта пак се појави со разголени гради!

Ева Лонгорија го украде шоуто на ревијата на L'Oreal во Париз, појавувајќи се во провокативен бел фустан кој ја истакна нејзината фигура и неверојатно деколте, што докажува дека и на 49-годишна возраст сè уште доминира на модните писти 

Лонгорија, која на 49-годишна возраст уште еднаш докажа дека со право ја носи титулата една од најубавите жени на светот.

Нејзините облини го одземаат здивот

Ева по пистата прошета во провокативен бел фустан, кој одлично го истакна нејзиното бујно деколте и затегнатите нозе. Фустанот имаше шлиц до бутовите, а раскошниот материјал ги истакна нејзините раменици и познатата фигура на песочен часовник по која е позната.

Нејзиниот изглед предизвика лавина позитивни реакции на социјалните мрежи.

„Колку е самоуверена“, „Браво Ева, ги засени сите“, „Таа е вистинска убавица“ - ова се само дел од коментарите на воодушевените обожаватели. Сексипилната, но и префинета креација, со длабоко деколте и шлиц, одлично ја врами фигурата на Ева, без да ја премине границата на вулгарност.

Изгледот актерката го комплетираше со сребрени сандали и дијамантски ѓердан, додека разбушавена пунџа и беспрекорна шминка го разубавија нејзиниот изглед. Ева Лонгорија уште еднаш блесна, шармирајќи ги сите присутни со својот беспрекорен стил и заводлив изглед.

View this post on Instagram

A post shared by L'Oréal Paris Official (@lorealparis)



Кендал Џенер без срам прошета без облека! Божествената фигура ги фрли сите во хистерија

Моделот Кендал Џенер (28) присуствуваше на модната ревија на L'Oréal за време на модната недела во Париз, каде што брендот ја претстави својата нова колекција пролет/лето 2025 година.

Кендал чекореше по пистата самоуверено, а нејзиниот настап дополнително беше обележан со стајлингот што го избра за таа пригода.

За разлика од модниот избор на Модната недела во Милано и сведениот црн фустан, овој пат Кендал му се врати на добро познатиот провокативен стил и облече креација која ја разгоре фантазијата на многу припадници на посилниот пол.

Имено, таа чекореше самоуверено во црвен проѕирен комбинезон, кој ја откри секоја педа од згодното тело на убавата Кендал.

Интересниот крој го привлече вниманието, а многумина се запрашаа дали Кендал носи гаќички одоздола. Црвениот кармин на усните и високите црвени потпетици дополнително ја зачинија сувата сексипилност на пистата.



FOTO: Instagram printscreen