Еве како Италијанците ја подготвуваат највскусната палента на светот: Ја јадат за појадок или ручек наместо леб
Фото: Printscreen Youtube - Cucina Geek
Палентата потекнува од Италија, а ја подготвуваат на многу уникатен начин што ја прави посебно вкусна
Палентата во италијански стил е лесна и многу едноставна за правење. Сè што треба да направите е да го пронајдете совршеното месо или зеленчук што оди со неа и ќе имате комплетен појадок или ручек:
Состојки:
250 гр палента1 литар вода
1/2 лажичка сол
Подготовка: Истурете вода во тавче и посолете. Кога добро ќе се загрее (но не и врие) додадете ја палентата. Мешајте цело време додека додавате и потоа убаво да се соединат состојките. Кога смесата ќе стане густа и водата ќе испари, таа е готова. Смесата сипете ја во тава за леб подмачкана со масло, па покријте ја со проѕирна фолија и почекајте да се излади на собна температура. Потоа префрлете ја во фрижидер и оставете добро да се стегне. Се сече по желба, па се пржи во добро загреано масло.
Вака подготвената палента можете да ја користите за појадок, а може да ја послужите и со кефир и сирење или со зеленчук на скара. На тој начин ќе добиете нискокалоричен оброк кој брзо ќе ве засити.
Извор: stil.kurir.rs*пр-објава