Еве колку долго можеме да бидеме во близина на заразен без да добиеме коронавирус
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) неодамна ја испита „дефиницијата“ за близок контакт за време на пандемијата на коронавирусот.
Претходно, за близок контакт се сметаше лице кое минало најмалку 15 минути на растојание помало од два метра од лице заразено со коронавирусот.
Сепак, сега се верува дека тие 15 минути не мора да бидат последователни/одеднаш. Близок контакт се смета за лице кое минало време на помалку од два метра од заразеното лице минимално 15 минути, но за 24 часа.
Зошто е променета оваа информација?
Затворски чувар во Вермонт бил позитивен на коронавирус по повеќе, но кратки контакти со шест асимптоматски затвореници.
Имено, во смена од осум часа, тој имаше 22 состаноци со затвореници во траење од 17 минути.
Прашањето е дали оваа информација значи дека сме безбедни ако поминеме помалку од 15 минути во близина на лице заразено со Ковид-19.
За жал, не секогаш!
Петнаесет минути е само насока што лесно се памети вели Нил Голдстајн, професор по епидемиологија на универзитетот Дрексел во Филаделфија.
Ризикот може да биде помал на подолг рок и поголем на пократок рок. Постојат многу варијабли кои влијаат на количината на вирус што некој ја прима, а тоа е всушност најважната работа “, рече Голдстајн.
Покрај времето на изложеност на коронавирус, исто така е важно дали лицето има симптоми, дали ги имаше воопшто пред тоа или ги разви подоцна, дали е надвор или во затворени простории, дали просторијата била добро проветрена, уште колку луѓе биле во неа и што правеле.
На пример, ако сте седеле и пееле во подрумот на зграда, а не во парк, ризикот од заразување за краток временски период е поголем.
извор: stil.kurir.rs