Еве што да јадете навечер, а при тоа да не се здебелите

Добивај вести на Viber

Порталот „Bright side“ состави листа на намирници кои се богати со протеини, имаат низок процент на шеќери и низок гликемиски индекс. Тие можат да се јадат навечер без да постои ризик од вишок килограми.

Грицки

Се мисли на грицки од цело зрно на житарици кои имаат малку калории.

Сирење

Кога се препорачува да се јаде сирење навечер, се мисли на парче сирење, не килограм. Сирењето е богато со протеини, па нема да почувствувате глад  до наредниот ден. Препорака е да јадете сирење со низок процент на маснотии.

Јогурт

Научниците докажаа дека јогуртот е одлична замена за вечерната ужина. Полн е со протеини, не содржи многу масти и има многу малку шеќери. Додајте некое овошје со него за да добиете нешто повкусен оброк.

Пуканки

Иако звучи изненадувачки, сепак пуканките се на листата на храната која е дозволена да се јаде навечер. Притоа, заборавете на пуканките кои се подготвуваат во микробранова печка, бидејќи тие се полни со масти.

Јајца

Јајцата се добри за вечерна ужина. Едно јајце содржи само 75 калории, а содржи и многу протеини кои ќе ви бидат од корист.

Зеленчук

Зеленчукот е најдобар избор, бидејќи поголемиот дел од овошјето има високо ниво на гликемиски индекс. Подгответе целер или морков, а можете и да си направите салата од зеленчук по ваш избор.

Банана

Во однос на тоа дека бананите се висококалорични, тие содржат многу магнезиум, што ги прави одлична храна за опуштање. Бананата е богата и со мелатонин, кој, според некои истражувања, не прави поспани.