Еве што да јадете за убава кожа
Начинот на исхрана е поврзан со изгледот на кожата.
1. Јадете помалку воспалителни јадења
Најголемите виновници за лошиот изглед на вашата кожа се воспалителните прехранбени производи – како претерано конзумирање на млечни производи (без јогуртот и ајранот), глутен и шеќер. Доколку имате проблеми со кожата, намалете ги или сосема отстранете ги овие работи од вашата исхрана.
2. Јадете само високо квалитетно темно чоколадо
Мислев дека советот за чоколадото беше мит, но откако започнав да работам со акупунктурист започнав и да ја применувам кинеската медицина во мојата работа и тука има нешто позади идејата дека чоколадото може да биде воспалително за организмот. Но исто така ги истражував и неговите бенефиции, поточно оние на темното чоколадо и тоа е одлично за цистични акни. Зависи од лицето на секоја индивидуа, ама високо квалитетното темно чоколадо е пријател на кожата.
3. Инвестирајте во добар пробиотик
Здравјето на стомакот и здравјето на кожата се навистина цврсто поврзани. Пробиотиците се многу. Високо квалитетни пробиотици во форма на капсули се одлични исто како и ферментираните како “кимчи”. Луѓето често ми велат “Па јас пијам многу јогурт” – но треба да одберете јогурт кој е целосно од млеко и нема шеќери за да ги добиете бенефициите и пред тоа би сакале да проверите дека сигурно не сте чувствителни на млечни производи. Затоа препорачувам кисела зелка и кимчи.
4. Користете храна на лицето
Доколку јадењето јогурт не ви е омилено или сте чувствителни на млечни производи – започнете да го употребувате како маска. Има доволно киселини, ја затега и негува кожата, плус ја зацврстува и флората на кожата.
5. Експериментирајте со јаглен и сандалово дрво
Јагленот отсекогаш бил одличен за кожата, особено доколку ви е потребна детоксикација. На пример, доколку сте нетолерантни на глутен, а сепак внесете глутен во себе, земете капсула јаглен и решен проблем – ќе ги ребалансира вашите црева.