Еве што навистина значи црвениот конец околу вашата рака и од што ве штити: Ова треба да го знаете!

Традицијата на носење црвен конец (нишка) околу раката датира од античко време, но не е доволно само да ја ставите на раката!

Дали некогаш сте забележале дека многу луѓе носат црвен конец околу раката? Сигурно сте забележале и можеби и самите носите. Сепак, многу малку луѓе навистина го знаат  вистинското значење на црвениот конец.

Првото нешто што треба да знаете е дека ова се користи како амајлија уште од античко време. Главната функција е да привлече позитивна енергија и да го одврати злото од оние кои ја носат околу рацете.

Во античко време се верувало дека детето мора да носи црвен конец околу раката, за да се заштити од зли духови, негативна енергија и клетви.

Една од најчестите верзии е дека носењето црвен конец околу левата рака служи како заштита од лоша енергија и зли намери. Тоа е затоа што се смета дека негативната енергија циркулира низ левата рака.

Други традиции го користат за да обезбедат благосостојба и просперитет на оние што го носат.

Само треба да се осигурате дека конецот е направен од природна волна, а особено е важно оној што го врзува околу раката да има добри намери.


Како да врзете црвен конец на раката:

- Тој мора да биде врзан од личност која е многу блиска со вас и навистина се грижи за вас и вашата благосостојба

- Најдобро е да се направат седум конци и да се замисли желба за секој конец. Ставете еден околу раката, чувајте ги другите и кога стариот ќе се скине, заменете го со следниот.

- Конецот мора да биде од чиста волна.

- Многу е важно тој што го врзува конецот да има добри намери, за да се привлечат успех и среќа, но и да се отфрлат негативната енергија и лошите намери.

Што се случува кога ќе се скине конецот:

Кога ќе се скине, не грижете се бидејќи тоа е добар знак. Прекинувањето значи дека ја собрал сета негативна енергија што може и дека е време да го замениме со нов конец.

Значењето на другите бои на нишки, според традициите:

- Портокалова: Се користи за одржување на здрави амбиции, чистота и хармонија (најмногу се користи во будистичката религија)

- Розе: Гарантира вистинска и страсна љубов долго време

- Виолетова: Служи за поттикнување на креативноста и имагинацијата

- Црна: Оваа боја привлекува стабилност и мир

- Бела: Тоа ти помага да станеш помудар и поискрен

- Жолта: Стимулира успех кај луѓето со некоја креативна дарба


Извор: стил.курир

Фото: Профимедиа

Суеверието настанало од практични причини: Зошто не се отвора чадор во затворен простор?