Суеверието настанало од практични причини: Зошто не се отвора чадор во затворен простор?

Чадорот бил незгоден уред во текот на 19 век..

Отворањето чадор во затворен простор се смета за лоша среќа. Ако случајно (или намерно) отворите чадор во нечиј дом, постои голема можност да го налутите домаќинот. Долго време се верувало дека отворен чадор во затворен простор носи несреќа во домаќинството.

Постојат неколку теории за тоа како се појавило ова суеверие. Една од легендите сугерира дека суеверието потекнува од антички Египет, од времето околу 1200 година п.н.е. Во тоа време, античките египетски свештеници и кралеви користеле чадори направени од пердуви од паун и папирус за да се заштитат од сонцето. Се верувало дека отворањето чадор во затворен простор - далеку од сончевите зраци - ќе го налути богот на сонцето Ра и ќе донесе несреќа во куќата и домаќинството.

Причината зошто денес се воздржуваме од отворање чадори во затворен простор е веројатно од попрактична природа затоа што се избегнуваат повредите, а не излив на божествениот гнев. Современите чадори ја стекнаа популарноста за време на Викторијанската ера со пронаоѓањето на Самуел Фок. Тој направи челична ребреста рамка со механизам што дозволувала брзо ширење - и опасно исто така. Бидејќи чадорот во тоа време бил прилично незгоден уред, тој честопати ги повредувал луѓето кога се отворал на мал простор. Често се случувало да настрадаат предметите, но и забите и очите на луѓето. Па така, суеверие се појавило како начин да се избегнат повредите.

Интересно е што некои луѓе веруваат дека не е секогаш лоша среќа да се отвори чадор во затворен простор. Има луѓе шо веруваат дека лоша среќа е само ако чадорот е црн, ако е подарок, ако никогаш не бил користен на отворено или ако има болно лице во куќата!