Еве што се случува со бебињата првиот час по раѓањето
Во првите 30 секунди - првпат вдишува воздух и почнува да плаче, за да почнат да функционираат белите дробови. Тоа е момент кога новороденчето првпат чувствува ладно, светлост и слуша врева.
Од 30 до 60 секунди – Бебето го носат кај мајката и тогаш се создава првата врска, додека се сече папочната врвка.
Од 1 до 3 минути – На бебето му се прават одредени тестови за да се утврди дека е здраво.
Од 2 до 2,5 минута – Во текот на овие тестови бебето може да престане да плаче на 30 секунди. Судејќи според научниците во Шведска, за тоа е одговорна еволуцијата бидејќи новороденчињата тогаш се чувствуваат ранливо.
Од 2,5 до 5 минута – Додека бебето се одмара во прегратките на мајката, почнува да се буди и ги отвора очите.
Од 8 до 30 минута – Бебето станува активно и може да ги држи очите отворени до 5 минути. Бебето во овој период се интересира за храна, гледа во лицето на мајката.
Од 30 до 50 минута – По првите половина час, бебето сè уште се одмара во прегратките на мајката и се обидува првпат да го дои.
Од 50 до 60 минута- Бебето се обидува да се нахрани од млекото на мајката.
Секако, треба да имате обзир дека секое породување е различно, па така овој „водич“ за првиот час за раѓање на бебето не мора секогаш да е точен, но може да ви помогне како изгледа првиот час на новороденчето, приближно.