Моден фокус // Трендови
Eве во која боја жените изгледаат привлечно
Некои бои ги сакаме повеќе, некои помалку, а некои никогаш не би ги одбрале за наш стајлинг.
Иако сите бои не стојат убаво на сите жени, сепак има една која може да одговара на било која жена, независно од тенот или косата. Стилистката Хелен Венејблес откри дека станува збор за црвената боја.
„Таа е секогаш во центарот на вниманието“, изјавила таа.
Хелен вели црвената боја да ја носите на горниот дел од телото, за да го истакнете најубавото од себе.
Цевената боја ја симболизира енергијата, страста и сексуалноста и е највпечатлива од сите бои.