ЕВН: Граѓаните кои платиле сметки на денот на затворањето на Еуростандард да не плаќаат повторно

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија ги известува своите корисници кои извршиле уплата за потрошена електрична енергија преку Еуростандард банка и Македонска пошта на ден 12.08.2020, дека истата не е евидентирана во системот за наплата на компанијата. Ова произлегува од фактот што ЕВН се уште нема информација од Еуростандард банка и стечајното раководство, за тоа кои уплати биле реализирани на денот на затворањето на банката.

Согласно известувањето од Народната банка, се очекува брзо решение на ваквата состојба, транскациите набрзо ќе бидат реализирани и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки повторно. Во меѓувреме, а со цел да се надмине оваа ситуација која не е по вина ниту на корисниците, ниту на ЕВН, ги замолуваме сите корисници кои извршиле уплата на тој ден за потрошена електрична енергија преку Еуростандард и Поштенска банка, да ни приложат доказ за уплата во електронска форма на info@evn.mk

Со тоа, ЕВН ќе ги земе предвид уплатите приложени од корисниците и истите нема да бидат предмет на исклучување поради недостиг на информација од банката. Доколку тоа не го сторат и во меѓувреме сепак бидат неправедно исклучени, по приложен доказ за извршена уплата, корисникот ќе биде повторно вклучен без надомест за повторен приклучок, (без надомест се однесува само за приложени уплати на 12.08.2020).

Корисниците, пак, кои имаат отворени долгови за потрошена електрична енергија, ги потсетуваме дека и натаму не можат да  вршат уплати за сметки и други услуги на ЕВН преку Македонска пошта. Но, постојат други алтернативи, како што се:

-  онлајн плаќањебез провизија преку веб страната evnonline.mk

-  безготовинско плаќање без провизија, преку терминалите на ЕВН поставени во Корисничките енерго центри и Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ

-  електронско плаќање без провизија

-  користење на траен налог

-  плаќање во сите други банки

Сите горенаведени опции се отворени, но поради ситуацијата со корона вирусот ги поттикнуваме корисниците да ги искористат многубројните онлајн услуги на ЕВН.