ЕВН Македонија додели таблет компјутери за новата „20-20-20“ генерација ученици во Гостивар
Дваесет и три ученици
од втората генерација на проектот „20-20-20“ во ОСТУ „Гостивар“ добија таблет
компјутери за дигитална настава
ЕВН Македонија продолжува со реализација на проектот за дуално образование „20-20-20“. Во рамки на истиот, ЕВН денес официјално предаде таблет компјутери за дваесет и три ученици од втората генерација на „20-20-20“ паралелкатаво ОСТУ „Гостивар“ во Гостивар.
На примопредавањето на таблет компјутерите, присутни беа преставници на ЕВН Македонија како и претставници на ОСТУ „Гостивар“. Раководителот на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН во Тетово, г. Ардит Садику зборуваше за важноста на поддржувањето на најмладите во овој период на дигитализација.
„Горди сме што за време на пандемија им излегуваме во пресрет на најмладите во најважниот сегмент од животот - едукација. Сите сме сведоци на тоа дека во новата нормала на живеење, дигитализацијата стана неодвоен дел од животот на секој човек, а особено за учениците. Целава ситуација им наметна нов неопходен начин на функционирање и едукација, а од друга страна обезбедувањето на дигитални уреди претставува голем товар за најмладите.“, рече г. Садику.
Директорот на училиштето г. Бесир Салиу, го искажа неговото задоволство од соработката со ЕВН и тековното одвивање на проектот.
„Проектот на ЕВН „20-20-20“ е еден посебен проект кој разбуди голема мера на заинтересираност кај учениците од Гостивар и регионот. Годинава се запиша втората генерација на ученици, а бројот на заинтересирани беше огромен. Учениците на ЕВН паралелките се многу задоволни и покажуваат големи успеси благодарение на одличното менторство од вработените на компанијата.“ изјави г. Салиу.
Годинава се запиша четвртата генерација на проектот „20-20-20“ во училиштето „Михајло Пупин“ во Скопје. Во рамки на проектот, во 2019г. се отвори првата ЕВН паралелка и во Гостивар. Учениците кои се дел од оваа програма имаат практична обука според европски стандарди и се здобиваат со вештини потребни на пазарот на работна сила. Освен таблет компјутери, учениците на располагање имаат опремени кабинети со опрема и материјали донирани од Компанијата, какви што користат и нејзините вработени при обавувањето на секојдневната работа. Учениците при процесот на учење преку работа се менторирани од страна на стручни електромонтери и електроинжинери од ЕВН и по нивното успешно завршување на образованието ќе имат можност за вработување во компанијата.
ПР објава