ЕВН Македонија ги насочува корисниците на алтернативни решенија за плаќање

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија ги информира корисниците дека како резултат на последните случувања со Еуростандард банка, истите не ќе бидат во можност да извршат уплати за фактури за потрошена електрична енергија и други услуги на ЕВН преку Македонска пошта. Ова произлегува од фактот што Македонска пошта својот платен промет го реализираше преку Еуростандард Банка.

Меѓутоа, ЕВН располага со повеќе алтернативни решенија за плаќање кои корисниците може да ги користат периодов, и тоа:

-  онлајн плаќањебез провизија преку веб страната evnonline.mk

-  безготовинско плаќање без провизија, преку терминалите на ЕВН поставени во Корисничките енерго центри и Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ

-  електронско плаќање без провизија

-  користење на траен налог

-  плаќање во сите други банки

Сите горенаведени опции се отворени, но поради ситуацијата со корона вирусот ги поттикнуваме корисниците да ги искористат многубројните онлајн услуги на ЕВН.