Европска Унија и Европскиот Инвестициски Фонд одобрија втора мултилатерална кредитна линија за Силк Роуд Банка на износ од 5 милиони евра

Добивај вести на Viber

По успешна и темелна анализа од страна на Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и Европската Инвестициска Банка (ЕИБ), овие две мултилатерални институции со седиште во Луксембург дадоа сериозна доверба на менаџментот и деловниот модел на работење на Силк Роуд Банка, како и на единствениот швајцарски акционер на Банката во нивниот професионален пристап и корпоративно управување.

Банката е почестена од оваа поддршката искажана од страна на овие две институции и има интенција да стане една од водечките банки во овој домен.

Благодарение на EaSI гаранцијата, финансирана од Европската Унија и имплементирана во нејзино име од страна на Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), Силк Роуд Банка АД Скопје ќе има можност да пласира вкупно 5 милиони евра микрокредити, наменети за микро претпријатија во Северна Македонија. Кредитите според овој договор ќе бидат достапни за компании со максимум 9 вработени. Годишниот обрт на компанијата не треба да надминува повеќе од 2 милиони евра.

Средствата се издвојуваат од буџетот на Европска Унија наменет за Програмата за Вработување и Социјална иновација („EaSI“), чија намена е поддршка на целта на ЕУ за квалитетни вработувања, соодветна социјална заштита, борба против социјалнатанееднаквост и сиромаштијата, како и подобрување на условите за работа. EaSI Програмата, која во фокусот ги има микрофинансирањето и социјалното претприемништво, обезбедува поддршка за финансиски посредници кои нудат микро кредити за претприемачи или финансирање на социјално ориентирани претпријатија. Целта е да се зголеми пристапот до микрофинансирање, преку микрокредитиво вредност до 25.000 евра, наменети за ранливите категории на граѓани и микропретпријатија.

Имајќи го предвид наведеното, Силк Роуд Банка создаде пакет производи Bizz UP наменет за финансирање на ранливи категории клиенти, како и за старт ап компании и компании во фаза на развој,  со оперативна историја на работење до 36 месеци.  Со потпишувањето на Договорот за соработка со Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ), Силк Роуд Банка како финансиски посредник ќе поддржи финансирање на овие категории на клиентина домашен пазар, преку средствата од Програмата за вработување и социјална иновација (EaSI), финансирана директно од Европската унија. Пакетот Bizz UP се состои од неколку производи за микрофинансирање, како што се:дозволено пречекорување на сметка, кредити за обртни средства и кредити за инвестиции.

Ален Годард, извршен директор на ЕИФ, изјави: „Среќни сме што можеме да обезбедиме ваков вид на поддршка за приватниот сектор на земјите од западен Балкан, особено за микро-претпријатија и стартап компании кои многу често се соочуваат со значителни потешкотии во пристапот до финансиски средства и се најтешко погодени од пандемијата. Гаранциите поддржани од ЕУ ќе и овозможат на Силк Роуд Банка да понуди кредити под поповолни услови за потребите на компаниите за обртни средства или потребите за дополнителни инвестиции. На овој начин, всушност ние им помагаме на компаниите да ја одржат својата ликвидност, да ги задржат постојните работни места и секако да создаваат нови можности за вработување на подолг рок.

„Силк Роуд Банка во екот на пандемијата на Ковид19 го воведува пакетот на производи Bizz UPспецијално наменет за поддршка на ранливи категории клиенти, како и за микро-претпријатијаво старт ап или развојна фаза, со финансиска поддршка на износи до 25.000 евра, со привилегирани каматни стапки во споредба со редовните и поволни услови за плаќање. Овие производи се поддржани од страна на Европскиот Инвестициски Фонд преку Програмата за Вработување и Социјална Иновација, и тоа преку преземање на дел од кредитниот ризик од овие изложености“, изјави Претседателот на Управен Одбор на Банката, г-дин Игор Димитров.

ПР објава