Фантастичен шеа путер

Добивај вести на Viber

Шеа путер - незаменлив !

Фантастичен шеа путер од LUSH!

Земјоделците од племето Frafra традиционално одгледуваат култури за да го прехранат семејството. Работат на мали парчиња земја во периодот од годината кога има дождови, а штедат храна за периодот од годината кога е суша. Периодот на суша е познат и како „сезона на гладта“ бидејќи родот на културите е во мали количини.

Во минатото жените од горниот источен регион на Гана биле натерани да се движат кон југот секоја година поради периодот на сушата. Потребата да се најде работа обично водела кон одделување на жените од своите деца и општеството.

Долго посакуваната промена пристигнала во формата на Ojoba Women’s Shea Cooperative, која правилно ги искористи шеа дрвјата кои растат насекаде низ локалната територија. Жените со себе ги носат сите знаења и техники кои ги научиле од претходните генерации вклучувајќи го проверениот метод на рачно правење шеа путер.

Најпрво тие ги собираат, распределуваат и мијат јатките, тргајќи ги настрана потемнетите бидејќи не се со ист квалитет. Добрите јатки се отстрануваат од нивните меснати мешунки и потоа се варат, па се изложуваат да се исушат под топлината на африканското сонце.

По интензивното триење и сушење, јаткастите плодови поминуваат низ едноставна машина за дробење. По овој процес се отстранува лушпата и плодот се пече на зачаден отворен оган додека не стане фин прав.

Потоа механички се истиснува течност која личи на топено чоколадо и на крај рачно се меша со ритмични движења додека не се создаде густ слој на шеа путер на површината.

Соработката ги снабдува жените со постојани плати во текот на целата година. Надвор од сезоната на земјоделие, во минатото недостатокот на работа ги принудувал жените и нивните деца да ги напуштат површините секоја година. Сега имаат материјал и емотивна поддршка на семејствата и можат да си дозволат да ги покријат трошоците за училиште и здравственото осигурување на децата. Преку шема на микрофинансии, членовите кои соработуваат имаат можност да аплицираат за позајмување средства да формираат сопствени бизниси.

Како што амбицијата и напредувањето растат, успехот на групата расте и создава нови начини на функционирање. Неодамна жените го прославија отворањето на новата општинска библиотека која е првата рурална библиотека во горниот источен дел.

„Секогаш се чувствувам среќна и силна кога сум со моите жени“,  вели членот Атанпока Абонго. „Понекогаш ќе имам проблем дома за кој сметам дека е тежок да се разреши, но кога споделуваме идеи почнувам да разбирам дека можам да се сносам со него. Ме охрабруваат да се соочам со секакви проблеми.“

Lemony Flutter e крем за кутикули и омекнување тврди делови од телото како пети, колена и лакти. Инфузијата од лимон дава свежина, а шеа путерот е главниот виновник за хидратацијата која ја има во изобилство. 


Cherryish е пилингот за тело кој со какао путерот и шеа путерот формираат хидратантна основа која е збогатена со морска сол и мелени семки од цреши за фантастично триење и регенерирање на кожата. 

Балзамот за уста Rose Lollipop изобилува со основа од шеа и купуаку путер збогатени со масло од рози за нежни цветни бакнежи.

За повеќе информации на LUSH производите, посетете го нивниот веб сајт : lush.com.mk

Во прилог и видео :