ФАО им помага на земјите да работат на иницијативи за отпорност кон климатските промени
Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) поддржува десет држави во Источна Европа, Африка, Азија, Карибите и Јужна Америка да реализираат иницијативи за градење отпорност и адаптација кон климатските промени преку проекти од Програмата за национална подготвеност финансирани од Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Програмата за национална подготвеност на ЗКФ има за цел да ги зајакне капацитетите на земјите во развој за искористување на средства одЗКФ за спроведување на националните планови за адаптација кон и ублажување на ефектите од климатските промени предводени од државите. Генералната цел е да им се помогне на државите да ги исполнат обврските од Парискиот договор за намалување на емисиите на стакленички гасови и ограничување на глобалниот раст на температурата за 2 степени, како и да ги прилагодат земјоделското производство исистемите за безбедност на храна кон климатските промени. Десеттиот проект за национална подготвеност на ФАО, кој се одобрувае во Гвајана, Јужна Америка - допонителни 7 милиони долари на придонесот на ФАО од климатскиот фонд на ОН во рамките на Програмата за подготвеност од декември 2017 година. "Ние работиме со земјите да ги подготвиме да преземат мерки за справување со климатскитепромени во блиска иднина. Ова вклучува поддршка за најсиромашните семејства да произведуваат храна преку примена на ниско-емисиони системи и градење на нивната отпорност кон климатските промени ", изјави Рене Кастро, помошник-генерален директор на Одделот за клима, биолошка разновидност, земјиште и вода во ФАО. "10-тиот проект за подготвеност е важен исчекор во нашата работа со Зелениот климатски фонд", додава тој. Градење на иднина отпорна кон климатските промени Проектите - во Буркина Фасо, Конго, Екваторијална Гвинеја (два проекти), Гвајана, Кенија, Киргистан, Лаос Народна Демократска Република, Македонија, Сент Китс и Невис - ќе опфатат рехабилитација на деградираното земјиште и шумите, справување со недостатокот на вода, развој на одржлив сектор за добиток со ниски ниво на штетни емисии, примена на адаптивнии “паметни”земјоделски методи, намалување на ризикот од катастрофи за зајакнување на отпорноста на руралните заедници кон климатските промени. На пример, во Буркина Фасо, ФАО работи со владата на подготвка на стратешка анализа на потенцијалот за ублажување на и адаптација кон климатските промени кај шумите и земјоделското земјиште. Во Лаос, ФАО помага да се подготви инвестициски план за зголемување на адаптивниот капацитет на шумите кон климатските промени, со вклученост на приватниот сектор, а во Македонија, ФАО им помага на владините министерства да ги усогласат своите политики за адаптација кон климатските промени. Во другите земји, ФАО ги поддржува владите да ги усогласат нивните стратегии за климатски промени со заложбите во рамките на Целите за одржлив развој, обезбедува обуки за министерствата и другите институции, помагајќи да се воспостават механизми за градење консензус за националните приоритети. ФАО исто така нуди итехничка поддршка, на пример за изработка на научни студии. Моментално, ФАО има вкупно 41 проект за национална подготвеност, при што 15се очекува да се стават на разгледување за време на следниот циклус на одобрување во септември. Зелениот климатски фонд е основан во 2010 година, наКонференција на членките на Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации (UNFCCC), како глобален фонд за финансирање на напорите на земјите во развој да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да се прилагодат на негативните влијанија од климатските промени. |