Фаталната љубов на турската актерка речиси ја чинела живот: Човекот што неизмерно го сакаше ја прегази со автомобил
Таа глуми
во неколку турски серии, а најпозната е по улогата на мајката на Величествениот
Султан Сулејман
Султанија Ајша Хафса ни е позната од популарната серија Сулејман Величествениот. Турската актерка направи долга пауза по овој лик, а потоа се врати на малите екрани во серијата „Љубов и пари“.
Нејзиниот лик маестрално го одигра Небахат Чехре, една од најдобрите турски актерки. Во кој проект и да се појави, станува вистински хит. Сепак, она што е малку познато за оваа прекрасна дама е фактот дека нејзината животна приказна е исполнета со многу неверојатни настани.
Небахат е родена во 1944 година во гратчето Самсун, а по смртта на нејзиниот татко се преселила во Истанбул. Од рана возраст ја красела нереална убавина, па на само 15 години била Мис на Турција и ја претставувала својата земја во Лондон во 1960 година.
Додека работела како модел, ја забележале многу режисери и почнала да добива понуди за улоги во филмови и серии, со што започнала и нејзината успешна актерска кариера.
Првиот момент кој ја однесе на нова страна од животот се случи во 1964 година кога ја доби главната улога во филмот Камали Зејбек. Тоа и донесе и љубов, бидејќи се заљуби во 14-години постариот актер и партнер на снимањето, Јилмаз Гуни. Таа го сметаше за маж на нејзиниот живот. Но љубовната идила не траеше долго.
Нивната љубов беше прекината со шокантно заминување - Јилмаз живееше паралелно со друга жена, Кан Унал. Во истиот момент таа го остави, ги спакува куферите и отпатува за Мајами на изборот за Мис.
Во меѓувреме, мажот на нејзиниот живот доби дете со друга жена, но по враќањето во Турција, Небахат ја обнови романсата со него, со оглед на тоа што повторно беа споени на екранот.
Овој пар успеал да ја одржи својата љубов од втор пат, па „грдиот крал“ и „кралицата на убавината“, како што ги нарекувале, решиле да се венчаат во 1967 година.
Набрзо следеа приказни дека нивниот брак е полн со насилство, а разводот следеше само 15 месеци од нивниот заеднички живот.
- Се скараа во клубот и Небахат бесна си замина и почна да трча кон хотелот во кој престојуваа. Јилмаз влезе во автомобилот, притисна на педалото за гас и пред мои очи ја прегази саканата жена. Небахат леташе во воздух и падна на улица. Четири дена беше во болница, ја скршила клучната коска. Оваа случка ја криевме од сите. Нивниот брак заврши набргу потоа. Но, тие никогаш не престанаа да се сакаат – изјавил еднаш нивниот пријател.
Оваа фатална љубов заврши со смртта на Јилмаз во Париз, по битката со тешката болест. Небахат не била на погребот, ниту пак некогаш го посетила неговиот гроб во француската престолнина.
Тогаш помислила дека конечно ја нашла среќата покрај кошаркарот Јавуз Демир. Тие се венчаа во 1976 година, но нивниот брак траеше три години. Непосредно пред разводот, Небахат го абортирала нивното заедничко дете, сфаќајќи дека нивниот брак е пред распад.
- Пораснав со очув, немав вистински татко, поради што не сакав и моето дете да помине низ истата ситуација. Си ветив дека ако некогаш имам брак за кој верувам дека ќе потрае, ќе имам и дете - изјави тогаш актерката.
Најубавата турска актерка Небахат Чехре, освен во манекенство и глума, се пробала и во музиката, бидејќи има голем талент и за пеење. Во согласност со нејзиниот карактер, таа најмногу добила улоги на силни и моќни жени.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot
Извор: република
Можеби ќе ве интересира: