ФАВИПИРАВИР ДА НЕ СЕ КОРИСТИ НА СВОЈА РАКА: Агенцијата зе лекови апелира лекот да се зема само на рецепт и по препорака на лекар
Агенцијата за лекови и медицински средства која го одобри увозот на лекот Фавипиравир кој ќе се користи за лекување на болните од корона вирусот апелира до граѓаните да не го купуваат по сопствено убедување, туку само со рецепт и по препорака на лекар.
-Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид 19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на favipiravir за крајните корисници-пациентите. Во таа насока, сакаме да укажеме дека пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Лекот favipiravir не е одобрен за индикација на лечење на Ковид 19, па во таа насока апелираме и ги замолуваме пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување, без препорака од лекар.
Повеќе информации за лекот, прочитајте на Фактор.мк