Фавипиравир од денеска пристигнува во Македонија: Болните од Ковид-19 да не го купуваат по баснословни цени од Косово или од Босна

Добивај вести на Viber

Фавира и Фавимол, моќниот антивирусен лек чие генеричко име е Фавипиравир во текот на оваа недела ќе биде увезен во земјава. Ваков чекор на надлежните следи, откако овгромен број болни од корона вирусот, односно нивни блиски го набавуваа од Косово или од Босна.

Цената, како што велат нашите соговорници, само за едно кутивче изнесувала од 75 до 100 евра.

-Татко ми е веќе неколку дена е позитивен на корона вирусот. Се советував со многу кои го прележале, а имале навистина тешки симптоми. Секако, разговарав и со лекари специјалисти, и сите ми посочија како знам да набавам Фавипиравир. Преку мои канали, успеав да набавам Фавимол од Косово. Само едно кутивче го платив 100 евра, а треба да испие две. Пред да почнам да му го давам, повторно ќе се консултирам и со матичната лекарка и со специјалист интернист или пулмолог, па ќе видам што ќе ме советуваат. Во секој случај, лекот е дома, а за цената воопшто не се ни двоумев, колку сака нека чини, само татко ми да се излекува успешно, вели соговорникот на Фактор.

Вакви искуства имаат голем број луѓе. На социјалните мрежи споделуваат разни искуства кој лек делува, за колку време може да им се подобри ситуацијата, како успеваат да го набават Фавипивир дури и од Босна и која е цената.

Матичните лекари велат дека ниту еден лек, а посебно не вакви силни антивирусни медикаменти пациентите не смеат да ги земаат на своја рака. Координаторот на матичните лекари од Куманово, д-р. Фатмир Асани за Фактор, посочува дека во неговата 42-годишна пракса, никогаш не ги советувал пациентите да набават лек кој го нема во земјава, освен во посебни случаи, ако лекот е целосно испитан, постои во друга држава, се дава на пациентите и секако има успех во лекувањето.

Повеќе информации за лекот Фавипивир прочитајте на Фактор.мк