Фенг шуи древно правило за кое веројатно не сте слушнале: Еве што се случува кога во домот ќе внесете пеперутка

Ако сакате промени во вашиот живот, треба да размислите да внесете фигура на пеперутка во вашиот дом

Трансформацијата на гасеница во прекрасна и елегантна пеперутка со шарени крилја е еден од најнеобичните природни процеси.

Настанот претставува промена кон подобро и поубаво, а самата пеперутка симболизира љубов и среќа. Според експертите за фенг шуи, пеперутката придонесува за воспоставување на лични односи и е важен фактор во бракот и љубовните врски. Пеперутката со разнобојните крилја внесува добра енергија и свежина во секоја заедница, ја разгорува страста и романтиката, што во исто време го укинува секојдневието кое полека исчезнува.

Кога вметнувате пеперутки во вашиот дом, можете да користите неколку од нив или цели роеви од овие инсекти. Со групирање на пеперутките се зголемува нивното влијание и енергијата што ја внесуваат во просторот. Од друга страна, само една пеперутка може да ја привлече потребната среќа и радост во вашиот ентериер. Можете да ја поставите вашата пеперутка или повеќе од една над креветот така што тие ќе бидат првото нешто што ќе го видите наутро, а нивните нежни крилја дефинитивно ќе ви го разубават утрото и ќе ви го направат денот посреќен.

Фенг шуи страната наменета за пеперутки е југозападната, каде на најдобар начин ќе го активира позитивниот проток на енергија и ќе ја насочи кон личните односи и комуникацијата меѓу луѓето. Можете да поставите пеперутки на завесите или прозорците од вашето опкружување, бидејќи на тој начин можат да спречат вашата љубов да излета низ прозорецот, како што велат кај нас.

Важноста на пеперутките во фенг шуи не завршува со сето досега споменато, бидејќи овој инсект ја симболизира и бесмртноста на душата и повторното раѓање. Сликата на пеперутките во древните цивилизации често се поврзувала со магија, возвишени суштества и разни божества, а мртвите или исушени примероци никогаш не треба да се користат, бидејќи нивниот ефект е целосно спротивен на сето горенаведено.