Февруари е единствениот месец во кој нема полна месечина: Критичен е денешниов ден за три хороскопски знаци- еве зошто

Добивај вести на Viber

За разлика од другите месеци, февруари нема секогаш ист број на денови. На секои 4 години има 29 дена. Февруари, март и ноември секогаш започнуваат во ист ден во неделата, освен ако не е престапна година. Тој е единствениот месец во годината во текот на кој е можно да нема полна месечина.

Нејзиното отсуство посебно ќе се одрази денес според астролозите, а овие три хороскопски знакови треба многу да внимаваат. Во нивно поле е месечината, а бидејќи е „испразнета“ и нема да биде полна, многу е битно како ќе се справите.

Рак
Време е да се соочите со фактите! Младата месечина би можела да „проветри дел од валканите алишта што можеби сте ги ставиле под тепих“ во вашите односи, но во исто време, ранливи и блиски.

Имотот, заемите и инвестициите исто така може да се покажат како неисплатливи денеска. Може да изгубите многу пари.

Девица
Младата месечина ќе влијае на вашата енергија денеска. Ќе биде мрзливи и непродуктивни. Ако сте вработени со полно работно време, најверојатно ќе преземете повеќе одговорности и проекти во овој момент. Но дали ќе ги исполните очекувањата на другите? -Февруарската месечина може да влијае на вашето здравје, исхрана и фитнес. Внимавајте колку храна внесувате денес.

Јарец
Денеска парите од вас ќе бегаат како од „шуга“, а оние кои ги имате брзо ќе ги потрошите. Заборавете на заштеда. Денес е најдобро е да се одморите, бидејќи сте исцрпени со енегрија. Денес не е вашиот ден, нема да ви тргнат од рака плановите. Почекајте да се раздени, новиот ден носи нови предизвици.

Фото: Freepik.com