Февруари ќе им биде најлош месец во годината: Три хороскопски знаци со проблеми на работа, во љубовта и со парите
На овие хороскопски знаци вториот месец од годината ќе им биде најтежок...
Близнаци
Обврски, обврски, обврски – вака ќе изгледа вториот месец од годината за припадниците на овој знак. Токму кога ќе помислат дека решиле сè, ќе паднат врз нив еден тон нови задачи и обврски, а тоа ќе биде придружено со пад на енергијата, недостаток на концентрација и, според тоа, грешки.
Овен
Ова ќе биде напорен месец за Овните со многу проблеми и обврски, а како што ќе напредува, ќе им биде се потешко, па може да биде најтежок во последните десет дена. Нема да биде пријатно и опуштено ниту на работа ниту дома, а зафатените би можеле да се расправаат со партнерот повеќе од вообичаено, додека оние кои се слободни би можеле да бидат особено депресивни поради невозвратени чувства.
Шкорпија
Напнатоста и неизвесноста поради многуте неволји ќе ги доведат Шкорпиите на работ на нервите, па во февруари тие се вистинска темпирана бомба. Што се однесува до областа на финансиите, за нив ќе биде многу нестабилно и променливо, па затоа треба да внимаваат на парите, а во фокусот ќе бидат и семејните проблеми.