Филипче: Ако нема нови случаи на коронавирусот по два циклуса, ќе знаеме дека е целосно исчистен
На денешната
прес- конференција, министерот за здравство Венко Филипче рече дека по два
циклуса на немање нови случаи ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен. Со
ова, тој изразува уверување дека ситуацијата
со коронавирусот воземјава ќе има позитивно сценарио.
Иато така, посочи декаограничувањето на социјалните контакти е нешто што веруваат дека ќе го запре патот на ширењена вирусот.
– Мора граѓаните да ги почитуваат сите овие мерки. Механизмот е тој, да после два циклуса наинкубација, практично сметаме дека вирусот повеќе не е никаде околу нас. Значи, тие кои билезаболени целосно оздравеле после процесот на лекување, а го нема ниту, пак, на површините итоа е таа логика зошто се препорачува социјална дистанца, зошто инсистираме на почитување наовие одлуки, да нема движење надвор и нормално заштита на ризичните категории- рече министерот.А, на неговиот Фб профил, сподели пресек на денот во поглед на коронавирусот:
- Дијагностицирани се 22 нови пациенти со коронавирус, со што вкупната бројка во моментов изнесува 136 лица. Од новите 22 случаи на коронавирус во нашата земја, 15 лица се од Скопје, 4 лица од Дебар, 2 од Куманово и 1 лице од Охрид. Со тоа вкупната бројка дијагностицирани пациенти со овој вирус денеска до 12 часот изнесува 136 од кои еден е излекуван, а двајца пациенти се починати. Според местото на живеење досега случаи на коронавирус се регистрирани: во Скопје 81, Дебар 40 од кои едно е починато, Штип 7, Куманово 3 од кои едно е починато, Кавадарци 2 случаи, Охрид 2 случаи и Гостивар 1 случај.
- Во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 63 годишен пациент од Дебар, по нагло влошување на клиничката состојба. Тој бил хоспитализиран на Клиниката на 17 март без покачена температура, со наод на белите дробови.
➡На Инфективната клиника денеска се прават шест контролни брисеви на пациенти кои се веќе хоспитализирани, од кои тројца пациенти се во потешка состојба, еден во средно тешка, и двајца пациенти се со лесна клиничка слика. Испитувањата се прават согласно времето кога се примени на Клиниката, кога се тестирани и со оваа анализа ќе се покаже дали се уште се носители на вирусот, без разлика на формата и клиничката состојба.Кај сите лица во врска со Клиниката за кожни болести веќе е поминат периодот на инкубација од 14 дена и во моментот се прави распоред и план сите тие да се тестираат во претстојните денови, со цел да се вратат на работното место.
- Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 7 пациенти помалку, што е охрабрувачко, но не треба да се заборави дека се уште сме во тренд на зголемување на бројот на пациенти и дека мерките мора да се почитуваат.
- Обезбедена е терапија за голема бојка на пациенти во нашата земја. Станува збор за комбинација на терапија која досега во повеќе публикации укажува на тоа дека дава добри резултати во лекувањето на овие пациенти и согласно процедурата кај нас, протоколот за лекување треба да се прифати на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести, што веќе се направи, и денеска или веќе утре треба да се заврши формално-правната постапка за добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови МАЛМЕД, по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде е тоа индицирано. Станува збор за терапија за која допрва ќе се прават клинички студии но веќе многу земји ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји кај многу пациенти со навистина добри резултати, заради што ние го правиме истото.
- Секој пациент што има дијабетес и зема инсулин, може да го продолжи рецептот телефонски кај докторот што го води, и инсулинот директно да го подигне во инсулинската аптека, односно да не оди на лекар специјалист.