Филипче: Чекориме розово, чекориме со грижа за пациентите со рак на дојка - За нивна поддршка и третман

Добивај вести на Viber

На 12-тата розева прошетка, учество земаа голем број на личности кои го победиле или се борат со ракот на дојка. Голем број на нивни блиски и пријатели кои ги поддржуваат во борбата, но и министерот за здравство, Венко Филипче и првата дама во земјава, Елизабета Ѓоргиева им се придружија на борките.

Првиот човек на здравството во земјава, Венко Филипче по повод розовиот месец - октомври за подигање на свеста кај населението за болеста рак на дојка истакна дека, сите пациенти со рак на дојка имаат терапија во нашата земја, и дека пациентите повеќе не се упатуваат во странство.


„И во услови на ковид-19 оваа група на пациенти има пристап до здравствените услуги. Со ФЗО обезбедивме градник за пациентите, а во следниот период ќе работиме да обезбедиме и ракавица. Овозможивме психолошка поддршка затоа што таа е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Нашата соработка со Борка продолжуваме и понатаму да ја зајакнуваме, затоа што грижата за нашите пациенти е најважна. Борки не сте сами!“, истакна министерот.


Годинава прошетки „Напред розово“ се одржаа во повеќе општини. Се со цел поддршка на сите засегнати од оваа болест, но и за заедно да направиме промени во колективната свест преку едукација за оваа болест и водењето на здрав живот.


Фото: Фејсбук и Инстаграм