Филипче: Денеска околу 1.000 дијагностицирани, 10 отсто од заразените и хоспитализираните се вакцинирани

Добивај вести на Viber

Денеска има околу 1.000 нови дијагностицирани заразени од коронавирусот во земјава, потврди министерот за здравство Венко Филипче. 

Вчера било целосно ставено во фунција ковид одделението на ГОБ 8 септември, каде има уште слободни кревети, но се обезбедува дополнително слободен простор во делот на интензивната нега. 

„Од вчера во попладневните часови целосно во функција се стави и Модуларната болница до инфективната клиника. Тука обезбедивме екстра кадар од другите клиники и дел од инфективната клиника, пред се сестри и помошен персонал. Тоа е болниоца со 60-70 легла. Подготвен е и центарот за рехабилитација во Козле, сите имаат довод на кислород. Притисокот во Болницата во Тетово беше нешто спласнат“, рече Филипче. 

Детали читајте на Фактор тука.