Филипче: Матичните лекари денеска и утре ќе ги повикуваат граѓаните над 75 години, ќе може да се бира кога ќе стигнат другите вакцини
Вакцинацијата почнува во среда, а околу 20 илјади граѓани кои имаат над 75 години ќе се вакцинираат со вакцините на АстраЗенека кои вчера пристигнаа во земјава.
„Денеска се завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата за вакцините од АстраЗенека кои пристигнаа во земјава, да бидат пуштени во употреба. Денеска и утре тие ќе се дистрибуираат во сите градови во земјава и во среда ќе почне прлоцесот онака како што најавивме. Дваесет илјади граѓани кои се пријавија и се на возраст од над 75 години во текот на денешниот и утрешниот ден ќе добијат термини преку матичните лекари, зависно од местото на живеење, во кој пункт, и во кое точно време, од среда натаму да се јават на вакцинација. Разговараме со повеќе заинтересирани институции, постепено се генерираат и други списоци, за да понатаму, во текот на месцот бидеме спремни да и други категории граѓани се вклучат во процесот“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Детали на Фактор.