Филипче: На крајот сме на епидемијата, високите температури го слабеат вирусот

Добивај вести на Viber

Денеска 10 новозаболени од коронавирус, пет оздравени и еден починат пациент.

Десетте новозаболени од денеска и новодијагностицираните од вчера се поврзани со еден мал настан во Скопје, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи за препораките за олабавување на мерките за заштита од коронавирусот. Додаде дека вообичаено ваков тип епидемии траат меѓу осум и 11 недели, а кај нас сега е 11 недела. Филипче очекува високите температури да придонесат за ослабување на вирусот и намалување на преносот.

„Во таа смисла упатувам порака до граѓаните. Сакам да ве уверам дека можете да бидете спокојни. Сите мерки се врз основа на стручни анализи и тие дадоа резултат. Мерките за рестрикиции се врз научни сознанија и овие препораки се темелат на истите мерки и анализи, рече Филипче.