Филипче: Не се враќаат на работа сите хронично болни пациенти, проценката ја прави лекарот специјалист

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија, во однос на враќањето на дел од хронично болните лица на работа изјави дека мерките се добро проценети и анализирани пред да се имплементираат.

„Не се враќаат сите на работа, туку лекар специјалист проценува кој ќе оди на работа, а кој не. Не само на кого му е влошена болеста, туку и пациент кој е во фаза на болеста и има тип на хронична дијагноза, со таква шифра, а треба да биде заштитен во следните шест месеци. За тоа ние го сменивме правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување. Тоа значи дека ги одделуваме хроничните болни коишто се во рамките на една категорија и имаат иста шифра на болеста. На пример дијагноза миокарден инфаркт на срце. Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк