Филипче објасни: Што сè треба да знаеме во услови на прогласената вонредна состојба

Добивај вести на Viber

Венко Филипче, министерот за здравство, со фејсбук статус ја поздрави одлуката на Претседателот за прогласената вонредна состојба во борба против коронавирусот, додавајќи дека сега Владата ќе може брзо и ефикасно да управува со ресурсите на државата и навремено да реагира на предизвиците кои ни претстојат и на здравствен и на економски план.

Тој даде објаснувања и на некои од најпоставуваните прашања и дилеми на граѓаните од моментот на прогласувањето на вонредна состојба во државава.

Што значи вонредна состојба?
Вонредна состојба значи дека Владата добива и Законодавна и Извршна власт. Со тоа, се олеснува работата на Владата во време на кризи и истата може да носи одлуки за добро на граѓаните многу побрзо и поефикасно.

 Како Владата го прави тоа?
Преку носење на Уредби со сила на закон, кои важат само додека трае вонредната состојба.

 Дали ќе има полициски час или ограничување на движењето?
Во овој момент нема таква одлука, следете ги сите понатамошни одлуки на Владата и ќе бидете информирани за евентуални ограничувања на движење.

 Дали треба да направам резерви на храна?
Не, во државата има доволно резерви и на храна. Останете во своите домови, не излегувајте доколку немате потреба и купувајте онолку колку што ви треба.“ - напиша Министерот Филипче и додаде:
„Придржувајте се до мерките и препораките, само тако побрзо и полесно ќе ја надминеме оваа состојба.“