ФИЛИПЧЕ ПРЕДУПРЕДИ: Летото ќе биде мирно, но секогаш може да се јави повирулентна мутација

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче денеска оцени дека епидемиолошката состојба во Македонија е стабилна и дека засега нема никакви знаци дека нешто ја влошува. Сепак, тој предупреди дека никој во светот не може да предвиди што точно ќе се случува со вирусот бидејќи тој во некои држави веќе е мутиран во повирулентен.

- Никој во светот во ниедна земја не може да даде точно предвидување. Може да се случи мутација која е позаразна од претходнте соеви и тоа се случува во светот. Важно е дека сега вакцините спречуваат од тешка форма на болеста и смртен исход. Имајќи го тоа на ум и гледајќи како се одвива ситуацијата во нашиот регион и другите земји, нашата проценка е дека следниот период од два месеца ќе имаме мирна епидемиолошката ситуација. Засега нема знаци на влошување на состојбата, оцени Филипче.

Детали читајте ги на Фактор, тука.