Здравје // Совети
Филипче: Се намалува бројот на хоспитализации
Министерот за здравство Вено Гилипче по утринската редовна координација со директорите на ковид центрите во Скопје, на која беше разгледана состојбата со хоспитализираните пациенти во викендов кој измина, заклучи дека бројот на приеми во болниците се намалува овој период.
„Иако бројот на приеми во болниците пополека се намалува, како во Скопје така и низ ковид центрите во земјава, а со тоа се намалува и вупниот број на хоспитализирани лица, состојбата и понамау е сериозна и остануваме претпазливи. Во болниците има доволно слободни места, а подготвени сме да ослободиме и дополнителни капацитети доколку за тоа има потреба“, објави министерот.