Филипче со охрабрувачки вести: Бројот на нови случаи успорува

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на прес конференција изнесе и охрабрувачки вести, нагласувајќи дека во Македонија се бележи растот на новооздравените пациенти од корона вирусот и тоа во болнички услови.

-Од почетокот на епидемијата досега, процентот на новозаразени со Ковид-19 од тестирани пациенти се движи меѓу 36 до 41. Највисокиот процент од тестирани е 41,2, регистриран на 17.ноември, кога имавме и најголем број новозаразени, 1407, и потоа бројот на нови случаи благо опаѓа. Три недели по ред евидентираме прилично еднаква бројка, односно 7.482, 7.367 и 7.393 нешто што практично го нотира и Светската здравствена организација, а тоа е дека бројот на нови случаи успорува. 

Сега сме всушност на едно плато по период од 2 до 4 недели нагол пораст на новодијагностицирани, што е доказ дека факторот на преносливот R0 е значително намален. Според нашите пресметки сега е 1. 


Охрабрувачко е и тоа што во последниве недели евидентираме поголем број на оздравени пациенти и во болничко и во домашно лекување. Конкретно, минатата недела процентот на оздравени, во однос на претходната е зголемен за 45 проценти, а ваков тренд продолжува и во текот на оваа недела, истакна министерот Филипче. 

извор: фактор.мк/А.Б.