Култура // Настани
Филмска музика со поп-пејачи во МОБ
Најубавите филмски теми утревечер (четврток) ќе се пеат во Македонската опера и балет, на настанот наречен „Гала синема концерт“ , од 20 часот.
Андријана Јаневска, Наде Талевска, Ѓоко Танески и Марија Димитријевиќ настапуваат со Камерниот оркестар од Битола заедно со музичари од Македонската опера и балет. На репертоарот се песни од филмовите „Петтиот елемент“, „Фантомот од операта“, „Мулен Руж“, „Роки“ и други филсмки класици. Диригент е Владимир Димовски.
Претходно, дел од истата пејачка екипа одржа концерт во Битола наречен “Бродвеј во Битола“. Скопскиот концерт е продолжување на соработката со Битолскиот камерен оркестар. Билетите се продаваат на билетарата на МОБ.