Финансиски хороскоп до 10 јули за секој знак: На кого Меркур во Рак му носи парична катастрофа?

Што ви носи финансискиот хороскоп на почетокот на јули? На кого е погоден периодот за финансии, а на кого Меркур во Рак нема да биде многу од помош на финансиски план?

Проверете ја ситуацијата со вашиот хороскопски знак:

ОВЕН

Немојте да бидете мрзеливи, ќе имате многу деловни обврски, кои бараат нови финансиски решенија. Искористете го позитивното влијание на Венера за да работите колку што можете повеќе бидејќи тоа ќе ви се исплати. Размислете за вашите чекори пред да дејствувате за да постигнете голем финансиски успех. Ова не е време за менување работни места и за скапи купувања.

БИК

Доволно жалевте за животните околности. Меркур во Рак има негативно влијание врз вашата недела, како на работа, така и на финансиски план. Не преоптоварувајте, не бркајте парични награди, не трошете пари без причина. Ценете го она што го имате.

БЛИЗНАЦИ

Близнаци, Меркур ви носи негативно и финансиско влошување. Ретроградниот Нептун додава масло на вашиот оган и носи тешкотии. Мора да размислувате позитивно, бидејќи само така можете да постигнете некој финансиски успех.

РАК

Ракови, ако не ги засукате ракавите, нема да има успех. Не користете трикови и не се потпирајте само на вашата среќа. Побарајте финансиска помош од најблиските доколку ви е потребна.

ЛАВ

Лавови, не е време за скапи набавки, заеми, хипотеки... Почнете да штедите. Ќе имате потешкотии на работа, предизвикани од ретроградноста на Нептун, па тоа ви носи многу предизвици. Не губете го оптимизмот, оваа фаза е привремена.

ДЕВИЦА

Меркур негативно влијае на вас, но среќата нема да ве заборави. Обидите да ги поправите финансиите оваа недела. Посветете се на учење на нови знаења, што ќе ве доведе до промена на работата и подобри финансиски можности. Ова не е време за важни купувања.


Следна страна