ФИРОМ ти си гордост наша?!

Добивај вести на Viber

Ја читам колумната на Тања Царовска во Опсервер каде објаснува како песната на Тамара ќе била одлична ако сме ја испееле ако не го решевме спорот со името, демек денес немаме право да се нарекуваме „proud“, бидејќи наводно сме изгубиле гордост. Гордост да се биде Македонец.

Во време на оваа Евровизиска еуфорија каде на Македонија за првпат и се случи до последно да биде водечки фаворит за победник, каде цела нација гледаше Евровизија и за момент помисли дека навистина може да победиме, не разбирам како воопшто се наоѓа замерка. Замерка за името, замерка за насловот на песната, замерка за Словенците, за Грците.

Ќе разберев да плукате по разочарувачки фалш настапот на Мадона, која мене лично како некој што потекнува од музичка фамилија и е музички писмен многу ме разочара. Ама да плукате по името на песната, името на земјата и куп други работи кои не зависат ни од Тамара ни од целосниот тим сте крајно смешни. Македонија оваа година имаше не само добра песна туку и одлична стратешка кампања со слоганот „proud“ која ја препозна светот. Во време на 21от век, кога во Алабама се гласа за забрана за абортус за жените сфаќаме дека светот иако технолошки е многу напред, сепак интелектуално е во голема мера назад.

Токму поради тоа, оваа песна не е само убава балада, туку и силна порака за женит. Морам да признаам мене за момент ме потсети на стилот на Бијонсе и Дестини Чајлд каде преку своите песни „Girl“, „Survivor“ своевремено упатија токму иста порака „Девојко, не дозволувај светот да ти суди, и биди горда на тоа што си!“.

Но, како што пред неколку месеци напишав во една моја колумна „жена на жена класичен bullying“ , така повторно ќе кажам дека проблемот лежи во нас самите. Во нашата перцепција. Треба да работиме на нашата емоционална интелигенција и да го надминеме веќе името на државата како главен општествен проблем.

Дајте љубов, дајте музика!

* Аријана Коскарова е ко-основач на Creative Hub и Forbes Under 30 Europe 2019