Фолк пејачот Влатко Миладиноски , сними емотивно Велигденско шоу

Добивај вести на Viber

Фолк пејачот Влатко Миладиноски за престојниот празник, христовото воскресение Велигден, ќе ја изненади својата публика со свое велигденско шоу кое го снимаше минатата недела, во прекрасната атмосфера во Кучково во етно ресторанот „Долија“.

Очекувањата на Влатко и целата екипа се дека со убавите македонски песни и ора, на овој убав и голем празник ќе разбудат прекрасни емоции кај гледачите кои баш на вакви празници сакаат да уживаат со нашата убава песна и традиција.

  • Во самото шоу учествуваа многу мои блиски соработници и инструменталисти. Придружуван бев со кореографија од фолклорното студио „Блажевски“. Продукцијата е на „ИН ТВ“, вели Влатко и додава дека премиерно во оваа емисија гледачите ќе ја слушнат новата песна „Ај да ојме Јано“.

Режисер и водител на музичкото шоу беше самиот пејач, а истото ќе биде прикажано премиерно на една национална телевизија и повеќе регионални и локални тв станици, како и на сателитската „Ин ТВ“.