Фолклорен фестивал „Велигденски средби“ во Радовишко

Добивај вести на Viber

Со изведба на македонската химна и химната на Фолклорниот фестивалот „Велигденски средби“, дувачки оркестар од 30 сирачи од Пиринска Македонија ќе го отвори 14–тото издание на фестивалот кој ќе се одржи на 14-ти 15 – ти април во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“ во непосредна близина на с. Ораовица, Радовишко.

На фестивалот ќе настапат 22 домашни и меѓународни културно-уметнички друштва.

Организатор и иницијатор на фестивалот е директорот на Фолклорниот ансамбл „Китка“ од село Ораовица, Димче Петров. Генерален покровител кој ќе го овозможи неговото одржување е рудникот „Бучим“, како и О. Радовиш и Министерството за култура.

Фестивалот е од изворен карактер и на него се преставуваaт обичаите, игрите и носиите на секое друштво од кај што доаѓаат. Фестивалското жири составено од врвни стручњаци и оваа година ќе додели награди.

Сите оние кои ќе ја пропуштат можноста да уживаат во фестивалските денови и прекрасниот амбиент на манастирскиот комплекс и недопрената природа ќе можат да го проследат на програмата на ТВ Сонце, a настанот ќе го води новинарката Александра Велинова.