Фонтаната Лотос – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ
Фонтаната Лотос во Градскиот парк во Скопје, која е урбан симбол на дружење, заедништво и солидарност на голем број генерации млади, е главната инспирација за визуелниот идентите на Halk EZ (Halk Easy), новиот пакет за млади на Халкбанк. Halk EZ има поинаков концепт односно освен банкарски услуги, на младите на возраст од 16 до 24 години, ќе им понуди и платформа за едукација, дружење, вмрежување и забава. Токму во таа насока, секоја боја од брендирањето асоцира на предвидените компоненти од пакетот, чија цел е да ги вклучи младите во многу активности кои ќе ги поттикнат нивните квалитети, знаења и вештини.
Брендирањето на Halk EZ се надоврзува на „Трајни културни вредности“, проект на Халкбанк посветен на промоција на вредните културни и уметнички дела од минатото, на што сега се додаде и фонтаната Лотос, која претставува архитектонски симбол на Скопје уште од нејзиното пуштање во употреба во 1971 година.
„Фонтаната Лотос во Градски парк отсекогаш претставувала синоним за социјализација меѓу младите низ многу генерации до денес. Поттикнати од лотусот како мемоар на безброј впишани приказни, овој дизајн се темели токму врз значењето на споменикот. Дизајнот е составен од геометриски форми кои јасно ја претставуваат нејзината градбена структура, а притоа преку стилизација прикажана е во духот на современието. Овој графички приказ е сочинет од богат колорит кој содржи дванаесет бои и секоја од нив е составен дел од севкупната приказна на HALK EZ“, вели Кристијан Јованоски, арт директор во Ефектива, агенцијата која го креираше визуелниот идентите на Halk EZ.
Фонтаната Лотос е дело на архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец, се наоѓа на платото на влезот на Градскиот парк од страната на булеварот Илинден, а нејзиното корито има дијаметар од 10 метри. На оваа локација претходно имало мочуриште со бели лотосови цветови од каде се родила идејата за дизајнот на фонтаната.
Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е креиран за да одговори на секојдневните потреби на студентите, средношколците, младите претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.
Сите млади кои ќе станат дел од Halk EZ пакетотнајдоцна до 4-ти јули, учествуваат во наградната игра „Со Halk EZ до Exit“ преку која ќе бидат доделени пет ВИП влезници за двајца на еден од најголемите музички фестивали во Европа.