(ФОТО) Од српски пејачи до светски ѕвезди и политичари: Модерни маски во доба на коронавирус

Добивај вести на Viber

Во екот на пандемијата на коронавируот луѓето мора да се однесуваат одговорно. Затоа кога мора да се излезе надвор, неопходно е да се носи заштитна маска. Многу од познатите личности во светот во ваква ситуација не заборавија на модата, па маските ги ускладија со својот стајлинг.

Српската пејачка Марија Шерифовиќ има црна маска со бели ѕвездички кои ги искомбинира со црни заштитни ракавици.

- Луѓето чудно ме гледаат бидејќи мислат дека носам маска и ракавици за да не ме препознаат, а не поради вирусот- се пожали неодамна таа.

Англиската реалити ѕвезда Шарлот Кросби сподели фотографија со своите пријателки, со кои носат исти маски со натпис.


Познатата фолк-пејачка Зорица Брунслиќ која е препознатлива по својот екстравагантен моден изглед, ја прилагоди маската во свој стил.


Американскиот комичар Стив Харли и неговата сопруга Марџори Елаин имаат маски со кристали.

Фолк-ѕвездата Милан Станковиќ не жали да троши пари на брендирана облека, па и неговата заштитна маска е со потпис на модната куќа „Баленсиага“.

Словенечката претседателка Зузана Чапутова, која ја споредуваат со поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, вчера во Братислава се појави со маска која ја усклади со бојата на својот фустан.