(ФОТО) 10 импресивни и секогаш трендовски миди здолништа од Викторија Бекам

Добивај вести на Viber

Имајте барем само едно од овие здолништа и пред вас се безброј интересни модни комбинации.

Без разлика дали сте пониски или високи, имате пошироки или потесни колкови, носите високи потпетици или рамни чевли, здолништата со средна, миди должина се одличен начин за да заблескате во секоја пригода.

Викторија Бекам тоа го прави многу одамна, па токму затоа ја гледаме сè почесто во спектакуларни модели на миди здолништа во последните години. Сопругата на Дејвид Бекам обично ги комбинира со затворени чевли и чизми со високи потпетици и едноставна маица, односно кошула.

Погледнете ја галеријата и одберете кое здолниште најмногу ви се допаѓа:
фото:profimedia