(ФОТО) 4 вида фармерки за полнички девојки

Добивај вести на Viber

Сите имате барем еден пар фармерки во вашите плакари, но дали тие одговараат на вашата форма на тело?! Ние ќе се потрудиме да ви помогнеме во изборот на совршените фармерки...

Доколку имате стомаче, не треба да бирате фармерки кои се „скини“, тие само ќе ви прават пресек во делот на стомакот и ќе се чувствувате непријатно секогаш кога ќе седнете.

Доколку имате поистакнати облини, на пример истакнат задник, тогаш треба да си купите фармерки со повисок струк. Нискиот струк може да не изгледа добро доколку се свлече надолу.

Ако имате широки колкови, тогаш е подобро да изберете фармерки кои се пошироки во нозете, за да се добие рамнотежа во визуелниот впечаток.

Доколку имате полни колкови, во фармерките со широки ногавици би требало да изгледате најдобро.

Секако, на крајот од денот најважно е како вие се чувстувате во одредена облека. Ова беше само мал совет од нас!

Фото: Инстаграм